Градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден доби нов дел

Отворен нов дел со седум занимални и капацитет за згрижување на 170 нови дечиња на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден. Со тоа вкупниот капацитет на градинката изнесува 400 дечиња.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на отворањето изјави дека чувството е убаво кога се гради и создава и дека проектот поради голем интерес кај граѓаните од првично планираниот капацитет за 120 дечиња во текот на градбата е одлучено да се прошири и да се создаде капацитет за 170 дечиња.
– Со овој проект целосно ги решаваме потребите на родителите од општина Илинден и 170 семејства од утре ќе можат слободно да ги остават своите дечиња во модерни, современи услови во една прекрасна градинка каде за нив ќе се грижи обучен кадар и ќе можат слободно да ги извршуваат своите дневни обврски, изјави Спасов.
Потенцираше дека станува збор за заедничка инвестиција на општината и на Министерството во висина од околу 17 милиони денари.
– Наша заложба е да се вратиме на старите патеки. Продолжуваме со нашата заложба за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија. Реализација на проекти за подобрување на детската заштита, изградба и отворање детски градинки секаде каде има потреба, реализација на проекти за подобрување на животот за највозрасните категории на граѓани и реализација на проекти за подобрување на животот на социјално ранливите категории на граѓани, истакна Спасов.
Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски рече дека општината со проширувањето на капацитетите на детската градинка ќе ги подобри условите за живеење и квалитетот на живеење на локалната заедница.
– Тоа е нашата определба. Со новите капацитети се придонесува и за одржлив локален економски развој на општина Илинден. За да имаме одржлив развој потребна е изградба на објекти од јавен карактер, како што се детската градинка, амбуланти, училишта, спортски терени и сето тоа придонесува за подобрување на условите на живеење, рече Стојановски.
Потенцираше дека силен придонес за сето тоа даваат граѓаните и жителите на општината.
Општинската детска градинка „Гоце Делчев“ е изградена во 2009 година со капацитет за згрижување на 80 деца. Со првото проширување во 2012 година градинката може да згрижува 230 дечиња. Најновиот дел е со површина од 60 метри квадратни со што вкупната површина на градинката изнесува 2.000 метри квадратни. Изградени се седум нови занимални, нова кујна, како и нова сала за приредби и манифестации.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на отворањето изјави дека чувството е убаво кога се гради и создава и дека проектот поради голе

Пронајдете не на следниве мрежи: