Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски вчеравечер /26.08.2016 година, петок/ извршија увид во активностите на терен во населеното место Стајковски каде екипи на јавните претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада на Скопје работат на нормализирање на состојбите по катастрофалните поплави од 6-ти август.На терен во населеното место Стајковци водата и калта од домовите и дворовите е во најголем дел исчистена, уништената покуќнина и градежен шут, исто така, во најголем дел е изваден од домовите и се транспортира до привремената депонија кај клучката на обиколницата кај Стајковци. На оваа привремена депонија механизација работи деноноќно на нејзино празнење, каде целото ѓубре се носи до депонијата во Дрисла. На оваа привремена депонија во моментов се носи сметот од повеќе населени места, бидејќи повеќето слични привремени депонии беа исчистени и повеќе не се користат бидејќи тие беа лоцирани во дворовите на училишта, кои во моментов се подготвуваат за почетокот на училишната година.
Од минатата недела започна и големата акција за реконструкција на сите улици и патишта кои беа оштетени при големата поплава, каде започна со миење и тампонирање на улиците во сите населени места погодени од невремето.
Градоначалниците извршија увид во процесот на чистењето на главните улици во Стајковци, како и тампонирањето на споредните улици. Во средата, Советот на Град Скопје донесе Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради остварување на заедничка цел изградба, реконструкција и санација на улици во населени места во Општина Гази Баба, со која Град Скопје ќе издвои 150 милиони денари за реконструкција на оштетената инфраструктура во реоните погодени од големите поплави.
Градоначалникот Трајановски упати и апел до граѓаните за трпение во процесот на санација на улиците, велејќи дека истите се тампонираат по приоритетна потреба и сите улици ќе бидат опфатени со оваа акција.На терен во населеното место Стајковци водата и калта од домовите и дворовите е во најголем дел исчистена, уништената покуќнина и градежен шут, ист