Градоначалникот на општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности на улицата “Спиро Гулапчев” во населба 11 октомври. На оваа локација ќе биде извршена реконструкција на улицата со гребење на постоечкиот афалт и на истата ќе биде поставена асфалтна маса во должина од 210 метри. Во исто време се обновуваат и тротоарите од двете страни на улицата на кои ќе бидат поставени бекатон плочи на површина од вкупно 660 квадратни метри.Проектот е финансиран со средства од буџетот на општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои ја користат оваа улица да имаат разбирање додека се во тек градежните зафати, бидејќи со реализацијата на овој проект ќе се создадат подобри услови за живеење. На оваа локација ќе биде извршена реконструкција на улицата со гребење на постоечкиот афалт и на истата ќе биде поставена асфалтна маса