Денес во големата сала во општина Кисела Вода градоначалникот Билјана Беличанец –Алексиќ додели 52 ваучери во износ од 6000 илјади денари за новородените бебиња во општината. Бројот на семејства кои досега ја искористиле еднократната парична помош се искачи на 1364.-Би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на мојот мандат, нагласи Билјана Беличанец – Алексиќ.Во своето обраќање градоначалникот Беличанец – Алексиќ упатувајќи им честитка на новите родители таа уште еднаш испрати порака до сите кои имаат принова да ја поднесат потребната документација за остварување на еднократната парична помош.-Постапката е едноставна и се состои од исполнување на неколку барања, а тоа се: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето-ги исткна критериумите градоналникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ-Би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до исте
Пронајдете не на следниве мрежи: