Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, денес на прес конференција го презентираше Отчетот за сработеното во изминатиот 4 годишен период.-На истекот од четиригодишниот период во кој вие, жителите на Општина Кисела Вода, ни ја дадовте својата доверба, пред Вас стоиме со сработеното, со реализираното од она што го ветивме. Со својата енергична, чесна, одговорна и посветена работа, работа која носи подобро, во дослух со вас, одговарајќи на вашите потреби и барања, ги креиравме нашите приоритети, обидувајќи се, согласно можностите, да излеземе во пресрет на секој поединец, кој во Општина Кисела Вода ја гради и живее својата сегашност, ја планира иднината, својата и на своите деца. Огромна беше честа да се биде градоначалник на општина која го носи епитетот, најстара во градот. Но, уште поголема беше одговорноста што таа функција ја носи со себе-истакна Беличанец Алексиќ,Назначи дека четири години, колку што стоеја на располагање, не се многу долг период, но сепак, во овој временски интервал, водејќи се од дадениот збор пред граѓаните и одговорноста што тој со себе ја носи, оваа локална самоуправа успеа да реализира голем број проекти од голема важност за жителите на овој дел од градот Скопје.-Работејќи според програмата што ви ја понудивме, секако со поддршка од тогашната централната власт и Град Скопје, остваривме повеќе од 85% од планираното. Во работата ги следевме модерните текови на живеењето кои нудат ефективно искористување на енергијата, на просторот и на сите други расположиви ресурси, реализиравме проекти од кои се видливи иновативноста, одлучноста, планското и систематично работење, што треба да допринесат за долгорочни и квалитетни резултати. Исто така, верувам дека резултатите и придобивките што граѓаните ќе ги имаат за себе ќе траат и по завршувањето на мојот мандат.Овие страници што стојат пред вас, не се ништо друго, туку заокружување на досегашниот начин на работа на Општина Кисела Вода. Транспарентноста и отчетноста, работата која носи подобро, беа и остануваат да бидат едни од основните постулати врз кои овие 4 години ја темелиме општинската политика-истакна градоначалникот на Општина Кисела ВодаОд 1460 проекти колку што изреализиравме, рече, ќе издвојам само дел.-Во областа на образованието и енергетската ефикасност, на територија на општина Кисела Вода, се изградија од темел две нови училишни згради. Нов училишен објект добија и основците од ООУ” Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” и учениците од ООУ “Невена Георгиева Дуња”. Кога зборувам за ова училиште, морам да напоменам дека општина Кисела Вода, инвестираше во енергетската обнова на спортската сала. Се направи замена на прозорците со високоенергетски, беше поставена и енергетска фасада. Исто така и во ООУ” Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” започнавме со градежни активности за изградба на нова училишна спортска сала.Беше извршена темелна обнова и на повеќе други основни училишта на територија на општина Кисела Вода. Целосно беше реновирано подрачното основно училиште “Круме Кепески” во Припор, Подрачното Основно Училиште”Кузман Јосифовски Питу” во населбата Црниче, објектот на ООУ Кузман Шапкарев во населбата Драчево, извршивме комплетна енергетска обнова на Централното Основно Училиште “Круме Кепески”, а реконструктивни зафати беа изведени и во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”, каде во моментов Општината го обновува подот на училишната спортска сала. Воедно, кога сме на тема образование и подигнување на квалитетот на образовниот процес, ќе го издвојам проектот за наградување со парична награда на стоте најталентирани ученици од страна на локалната самоуправа на денот на Општината.Следејќи ги приоритетите кои уште на самиот почеток ги дефиниравме заедно со жителите на овој дел од градот, во овие 4 години интензивно работевме на зголемување на бројот на капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст и подобрување на условите во постоечките објекти. Ова резултираше со 3 нови градинки, градени по сите современи стандарди, кои Општина Кисела Вода ги отвори во делови од општината во кои претходно воопшто немаше градинки.Со реконструкција и преадаптирање на две простории од ПОУ „Круме Кепески“ и со доградба, ја отворивме градинката “Стапалче” во Припор, изградивме сосема нов објект за градинката “Ѓурѓица” во населбата Пинтија а градинката “Перуника” во Црниче ја отворивме во дел од реновираното ПОУ “Кузман Јосифовски Питу”. Ова е првиот јавен објект во Македонија кој се загрева со помош на биомаса. Имено, Општина Кисела Вода комплетно го замени системот за греење и воведе нов, комплетно енергетски ефикасен метод на греење со биомаса. Предноста на овој систем е во тоа што користејќи овошни семки и пелети како енергенс, овозможува финансиска заштеда во потрошувачката на топлинска енергија за околу 80%, додека штетните емисии на јаглероден диоксид се сосема избегнати, што е огромен придонес во заштитата на животната средина. Овој сосема еколошки концепт, постапно, го воведувавме во сите останати градинки и училишта во општината, а на тој начин ги промовиравме и еколошките вредности, и работевме на создавање на еколошки едуцирани и одговорни граѓани од чии одлуки ќе зависи иднината. Воедно, целта на општина Кисела Вода, е да создаде стандарди кои во прв момент ќе можат да ги следат сите општини, а потоа и пошироко.Кога зборувам за воведувањето на мерки за енергетска ефикасност во градинките, морам да ја споменам и градинката “8 Mарт “во Пржино која беше темелно енергетски обновена, односно доби комплетно променета фасада и надворешна столарија, како и котли за загревање со помош на биогориво. Во 2013 година, Општина Кисела Вода во оваа иста градинка го замени и покривот. Целосно еколошко загревање, добија и градинките “Пеперутка” – Eден и Два во населбата Драчево.Фокусот на подобрувањето на условите за сите дечиња во градинките, е и повеќе од оправдан бидејќи Општина Кисела Вода непрекинато расте. Како илустрација, ќе го споменам реализирањето на проектот за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачје на oпштина Кисела Вода, преку кој од воведувањето на мерката на почетокот на мојот мандат, па до крајот на јули годинава , се доделени вкупно 2047 ваучeри.Големи беа и вложувањата во насока на обнова на комуналната инфраструктура. Низ бројки, во овој 4-годишен период, изведени се преку 4450 метри атмосферска, преку 3400 метри фекална и над 2300 метри водоводна мрежа. Ќе ги издвојам :Заокружувањето на капиталниот проект за нов водовод во населбата Пинтија, потоа санацијата и реконструкцијата на веќе изградениот водоводен систем во месноста Порупи, односно подобрувањето на водоводната мрежа на главниот довод кон високата зона по улицата „Партизански Пат“, во селото Драчево. Изградивме водоводна мрежа и по улицата “Саса 30”, со должина од 481метар, на бул. Борис Трајковски крак 2 и крак 4 во населба 11 Октомври, бараки, како и на ул Зеленгора.Беше изградена и третата фаза од изградбата на водоводна мрежа на ул. Сердарот во селото Драчево, како и на ул. Шиндаровска.Го финализиравме проектот за изградба на примарна атмосферска мрежа на улицата „Жарко Зрењанин”, како завршен дел од предвидената атмосферска мрежа долга 1920 метри, која сега се протега долж целата улица.Атмосферска канализација со должина 714 метри изградивме и на улицата “Живко Фирфов” во населбата Драчево, на крак од улицата “Спиро Гулапчев”, во 11 Октомври (Бараки), на улицата Локов, на ул. Ѓорѓи Димитров, ул. Димо Хаџи Димов, реконструкција на атмсферската и фекалната канализација беше изведена на улицата Козјак. Атмосферска канализација беше изведена и на ул Фредерик Шопен, и ул. Боро Камчевски, ул. Пушкинова, на крак од Иван Козаров. Изведба на атмосферска и реконструкција на фекална канализација беше изведена и на ул. Ѓорѓи Сугаре.Фекална канализациона мрежа, општината изгради на ул.” Христо Татарчев” крак 2, на ул. “Речиште, на улица “ Румена Хаџипанзова” крак 10.Интензивно работејќи на обнова и подобрување на патната инфраструктура, на изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, нанесени се 20200 квадратни метри асфалт.Голем е бројот на реализирани проекти, но ќе ги издвојам следните:Реконструиран е локалниот пат „Речиште” во селото Драчево, од мостот на каналот „Мала Рада” до железничката пруга Скопје–Велес во месноста „Потстаница”, во должина од околу 750 метри,целосно реконструирана улицата Ратко Митровиќ крак 2 во селото Драчево,реконтруирана беше и улицата 1440 во населбата Пинтија. Откако беше завршена првата фаза од проширувањето и реконструкјата на пристапниот пат до рекреативниот центар Теферич, во моментов во завршна фаза е втората фаза од истиот проект, на нови 500 метри, односно вкупно 1000 метри. Реконструирани беа улиците “Mишко Михајловски”, “Марко Цепенков” и “345”, Се изврши нивно асфалтирање, а паралелно се санираа и тротоарите. Се поставија нови рабници и бекатон плочи. На иницијатива на општина Кисела Вода, овде се изврши реконструкција и на уличното осветлување.Асфалтирани и санирани беа повеќе улици. Ќе ги споменам улицата “Мариовска”, “Румена Хаџипанзова”, извршивме и реконструкција на коловозот на улица “Саса 2”, која води до новата градинка и до подрачното училиште “Рајко Жинзифов”, кое се наоѓа во непосредна близина, а покрај проширувањето на коловозот и изработката на тротоар, поставивме и канделабри за осветлување.Асфалтиран беше крак ул. Вера Јоциќ, повеќе краци на улицата “Христо Татарчев”, патот кон Стаклара, ”Христо Узунов” во населбата Црниче каде беа обновени и тротоарите, улицата “Жванска”. Тротоарите беа целосно реконструирани на улицата “Рилски конгрес” и на улицата ”Милан Мијалковиќ” во населбата Пржино.Во 2016 година беше реализиран проект за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на неколку улици во населба Црниче. Со цел растеретување на сообраќајниот метеж и подигнување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, еднонасочни се улиците Партение Зографски, Христо Узунов и дел од Серска, улиците Жванска, Дамбени, Баница и Наум Охридски.Во моментов се работи на целосна реконструкција на ул. Партизански Пат, а се одвиваат и градежни активности за поплочување со павер елементи на улица Саса 2. Отпочнаа и градежни активности за реконструкција на улицата Доситеј Обрадовиќ. Се работи на фекалната мрежа на улицата Сердарот во селото Драчево на дел од оваа улица. По завшување на овие градежни активности истата ќе се реконструира.Бројни се инвестициите на оваа локална самоуправа во сферата на културата. Ќе го издвојам Домот на култура во населба Кисела Вода „Кисела Вода Кино“ (КВК). Исто така, отпочната е и реконструкцијата на киното во населбата Драчево и негова преадаптација во културен дом. Реализацијата на овој проект ќе се одвива до 2019 година.Зборувајќи на тема капитални инвестиции во културата, ќе потсетам и на отворањето на Паркот на бранителите во населбата Драчево, во знак на почит кон шесте бранители од општината, кои загинаа во конфликтот од 2001 година.Воедно, беа реализирани бројни манифестации, културни случувања. Манифестацијата Три Круши, која веќе 12 години е симбол на уметничкиот живот во овој дел од градот.Свечено се одбележуваше патронатот на Општината 6 Мај-Ѓурѓовден, како и Денот на Општината-29 јуни, а се реализираа и низа од случувања во соработка со амбасадите на Република Полска во знак на одбележување на денот на Фредерик Шопен, со Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија за одбележување на Пушкиновите денови, како и Одбележување на денот на Унгарците, секако во соработка со Унгарската амбасада во Република Македонија.Реализирани се повеќе капитални инвестиции на полето на изградба на спортската инфраструктура. Имено, како дел од проектот “Изградба на 100 повеќенаменски игралишта”, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општина Кисела Вода, изгради повеќенаменски игралишта во селото Драчево, во кругот на ООУ “Климент Охридски”, во Црниче, во кругот на ООУ Кузман Јосифовски Питу, во населбата Драчево, во кругот на ООУ “Кузман Шапкарев, во Припор, во кругот на ПОУ “Круме Кепески”, како и спортско игралиште во Пинтија во кругот на ПОУ Рајко Жинзифов. Сите тие овозможуваат услови за тренирање кошарка, мал фудбал и ракомет во близина на местото на живеење, со што спортот е подостапен за сите жители на општината. Од успешната соработка меѓу општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт, произлезе и изградбата на тениско игралиште, во кругот на ООУ “Кузман Шапкарев”, во населбата Драчево.Општина Кисела Вода ги приклучи двете спортски сали ,, Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ на парно греење, а во изминатите четири години комплетно им се реновираа и гледалиштата, паркетот и водоводната санитарија.Ќе ги споменам и бројните проекти кои се одвиваа преку Одделението за спорт-,,Училишен спорт“, ,,Спортска академија“, ,,Шаховската лига за пензионери“, ,,Спорт за граѓаните“, преку кој, граѓаните користат бесплатни термини за спортување во двете спортски сали и проектот “Спорт за секое дете“, во рамки на кој, Општината направи договор со европскиот шампион РК “Вардар”, па низ разни тренажни програми селектира околу 450 деца од осумте основни училишта во Општина Кисела Вода. Тие тренираат по спортска програма на РК “Вардар” во двете спортски сали ,, Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ како и во неколку спортски сали во основните училишта кои се наоѓаат на територијата на Општината Кисела Вода.Во рамки на Секторот за урбанизам и просторно планирање согласно новиот ГУП, изгласан во 2012 година и кој е во важност во наредните 10 години, изработени се и усвоени 13 детални урбанистички планови и 2 општи акти, додека во процедура се уште 17 детални урбанистички планови и 2 Урбанистички планови за село.Воедно, до Општина Кисела Вода, се пристигнати 13 855 барања за легализација на дивоградби. Од нив, 1734 пристигнаа во продолжениот рок за доставување на барањата кој го дозволи Владата на РМ со цел да им излезе во пресрет на некои граѓани кои заради одредени причини не успеале да го запазат претходно зададениот рок.Во насока на забрзување на динамиката на решавање на предметите за легализација, оваа локална самоуправа презеде низа активности решавање на овие предмети. За таа цел беше кадровски и технички беше доекипирано Одделението за легализација на дивоградби, беше зголемен бројот на комисии кои излегуваат на терен, се воведе и практика за решавање на минимум 50 предмети на неделно ниво.По сите превземени технички мерки, бројот на легализирани дивоизградени објекти е 5561, односно решени се околу 40% од барањата. Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 2646.Во ова секако ќе помогне и имплементација на информатичко-комуникациските технологии во работата на општинската администрација, како дел од осовременувањето на процесите на работа, подобрувањето на ефективноста и транспарентноста, како и достапноста до информациите и навременоста на услугите, кои во континуитет се спроведуваат преку Одделението за информатичка технологија. Во овој четиригодишен период, беше воведен модерен систем за управување со документи со кој се постигна унапредување на работните процеси во општината, преку овозможување на брз проток и следење на документи и информации низ деловниот систем. Преку овој систем што е во чекор со светските норми и стандарди за работа со документи во дигитален облик, се оствари далеку поефикасно исполнување на обврските спрема граѓаните. Истиот во наредниот период ќе се надгради со нови модули за овозможување на двонасочна интеракција со граѓаните, односно давање на електронски услуги кои ќе го спречат непотребното доаѓање до општината. Со воведувањето пак, на ГИС системот, Општина Кисела Вода стана уште потранспарентна, овозможувајќи им преку ГИС прегледникот на јавната ВЕБ страна, на граѓаните да се информираат за општите и посебни услови за градба предвидени во деталните урбанистички планови. ГИС платформата овозможува секој заинтересиран граѓанин, инвеститор или геодетска компанија преку ВЕБ ГИС интернет апликацијата да ја добие градежната парцела и објектот за градба во сразмерен CAD формат.Бројни се проектите кои се изведуваа преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита. Преку него се реализираа редовните средби со граѓаните по месните и урбаните заедници, се вршеше одржување на хигиената во општината преку работата на сезонските работници, кои се раководени од овој Сектор, се расчистуваа снежните наноси во зимските периоди, се интервенираше по големите поплави во август 2016 година кога беа потребни засилени мерки во поглед на испумпувањето на надојдената вода во подрумите на зградите и индивидуалните куќи на жителите на Општина Кисела Вода.Исто така, Секторот за месна самоуправа во изминатиот период организираше во повеќе наврати собирање на кабаст и електронски отпад во сите урбани и месни заедници.Беа реализирани и повеќе крводарителски акции во соработка со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода и Заводот за трансфузиологија-Скопје , се оствари учество во на проектот ,, Бесплатни здравствени прегледи”, спроведуван од ЈЗУ ,, Здравствен Дом на Скопје”- Скопје, проектот ,,Борба против топлотниот бран” во соработка со Општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода и многу други проекти. Од покрупните проекти во областа на социјалната заштита, кои се спроведоа во изминатиот четиригодишен период ќе ги издвојам проектот ”Слобода во вода” за децата со посебни потреби, проектот “Патролен социјален работник” во соработка со Министерство за труд и социјална политика и Црвен крст на Град Скопје, изградбата на игралиште за деца со посебни потреби, како и многу други обуки, трибини и работилници во насока на подигнување на свеста за социјално ранливите категории.Ќе нагласам дека сето претходно наброено, е само еден дел од она што е сработено. Целосната верзија на отчетот, граѓаните ќе можатда ја погледнат на нашат веб страница www.kiselavoda.gov.mk- потенцираше во своето обраќање градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ.
Почитувани,Работата на локалната самоуправа никогаш не сопира, посебно кога се работи за голема општина каква што е Кисела Вода. Па, така и листата на сето она што допрва ќе треба да се сработи е веќе започната.Имајќи ја вашата доверба како чест, но и одговорност, секогаш вас, граѓаните ве имавме како партнер во креирањето на стратешките цели, во креирањето на визијата за подобра Општина Кисела Вода. Впрочем, речиси сите реализирани проекти произлегоа од вас, граѓаните, од сите наши заеднички средби, од добронамерните критики и пофалби, идеи, предлози… Беа одлична платформа за нашата понатамошна ентузијастичка работа за мене како градоначалник, за општинската администрација, за Советот на Општината. Токму затоа, овој отчет претставува осврт на сето она што заеднички го направивме во изминатиот период, а во насока на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните, според европските и светски стандарди, подобрување на конкурентноста во однос на други локални заедници во земјата, подобрување на климата за инвестирање, а со тоа и можноста за отворање нови работни места.Се надевам дека и мојот следбеник ќе го продолжи континуитетот на посветена работа во служба на граѓаните, достигнувајќи ја заедничката визија за подобра иднина, бидејќи од него се очекува да продолжи таму каде што ние сме застанале. А, успешноста на една општина подразбира континуиран развој и растеж- изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода.-На истекот од четиригодишниот период во кој вие, жителите на Општина Кисела Вода, ни ја дадовте својата доверба, пред Вас стоиме со сработеното, с