Градоначалникот на Штип направи увид во реконстуркција на стадионот и изградбата на спортската сала во населба Баби

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев денес направи увод во реконструкцијата на градскиот стадион и на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Славејко Арсов“ во населба Баби. Заедно со диреклторот на ЈП „Исар“ , Ангел Бојаџиев беа на градскиот стадион каде пред некој ден заврпи асфалтирањето на атлетската патека по неколку децении: 
 
– Благодарение на спортските работници, општината, градоначалникот и ФФМ, за кратко време успеавме да го реконструираме стадионот на ФК Брегалница. Поставивме осветлување со осум рефлектори, и на барање на атлетичарите ја асфалтиравме и патеката. Сега е во тек тендерска постпака за покривање на трибините. Останува и обврската да го подобриме функционирањето и работата на ФК Брегалница  кажа Бојаџиев пред новинарите
Градоначалникот Захариев е задоволен од обновата на стадионот:
– Сите сомнежи дека стадионот ќе се реконструира, дека атлетската патека ќе се асфалтира и дека ќе имаме рефлектори, паднаа во вода.Сето тоа се направи онака како што ветивме. Општина Штип ќе се вложува и понатаму стадионот да биде репрезентативен објект на градот, за нови натпревари и друго. Во постапка сме на уредување на западната трибина која ќе биде покриена, ќе има и нови седишта, а со ФФМ преговараме и помошниот стадион да биде направен со вештачка трева.
Според Захариев, претстори реконструирање на четири помали стадиони,во населбите Македонка, Три Чешми, Стар Караорман и кај бањата Кежовица. Тие ќе добијат нова тревната површина и ќе бидат оградени. Планирано е и кошаркашко игралиште до фитнес зоната зад Исарот каде ќе има и скејт парк.
– Што се однесува до патеката, таа ќе има пет ленти, наскоро ЈП Стипон и ќе ја обележи а помошните терени ќе бидат уредени по сите стандарди. Нашите атлетичари имаат и друго место за трчање, каде веќе ќе започне со асфалтирање на патеката од над 3.5 км од Осми ноември до Балканска. За три дена се очекува да заврши асфалктирањето на патеката а таа ќе може да се користи и за возење на велосипеди – додаде Захариев.
Градоначалникот направи увид и во текот на градбата на новата спортска сала во населба Баби:
– При крај сме и на изградбата на салата. Тоа е ретко училиште во градот кое е без сала. Сакаме да направиме и една мала сала во населба Три Чешми и се надевм дека и тоа ќе го завршиме. Во другите училишта имаме реконструирани сали и мислам дека не само што го исполнуваме нашето ветувањ дадено на жителите на населба Баби, туку обезбедивме и ова школо да добие спортска сала која ќе биде убава.
Салата се очекува да биде завршена до март идната година а инвеститор е Министертсвото за образвание додека Општината помогна во конструкција на водовод, канализација и пристапен пат.
 
  
 
– Благодарение на спортските работници, општината, градоначалникот и ФФМ, за кратко време успеавме да го реконструира

Пронајдете не на следниве мрежи: