Градоначалникот на Велес скокнал во Вардар да спаси младо момче Решил да се самоубие, па се пишманил. 26 годишно момче од велешкото село Сливник утрово скокна во водите на Вардар. Кога паднал во водата почнал да бара помош На помош пристигнале тројца велешани и влегле во водата да го спасат. Меѓу нив и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, објави Канал 5.
Во телефонскиот разговор изјави дека го видел момчето кога скокнало во Вардар. Потврди дека со уште двајца мажи влегол во вода и рече „ го направив тоа што треба да го направи секој хуман човек“ .
Од болницата велат дека момчето е донесено со површно дишење и премрзнато од ладната вода. Од страна на лекарите веднаш е пренесено на интензивна нега , по што го затоплиле и му е извршен преглед.
Состојбата на момчето е стабилна и тоа е надвор од животна опасност.Решил да се самоубие, па се пишманил. 26 годишно момче од велешкото село Сливник утрово скокна во водите на Вардар. Кога паднал во водата почн