Градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински кој секогаш е голем подржувач на спортот и спортистите од општината, како знак на благодарност за постигнатите врвни спортски резултати на светско ниво и промоцијата на Македонија и Берово му додели Плакета на чудото од дете 10 годишниот Кристиан Воденски.Плакета на чудото од дете 10 годишниот Кристиан Воденски.
-Малиот Кристиан со своите родители живее во Германија каде секогаш се бори под знамето на Република Македонија како горд Македонец, и мислам дека со таквото промовирање на Македонија и Општина Берово заслужува да му доделиме Плакета и да му се заблагодариме и да му посакаме и понатаму да постигнува уште поголеми резултати сега како пионер, а понатаму и како младинец и сениор – изјави градоначалникот Наџински.
Кристиан на кој татко му е од Русиново а мајка од Струмица започна да се занимава со боречки спортови од својата петта година настапувајќи под знамето на Република Македонија и досега има освоено 10 НАГА појаси, 40 пехари и небројни медали.
За своите натпреварувања вели дека и понатаму ќе ги брани боите на Македонија и како што истакна најважно од се при борбите е да се има добра тактика со што секогаш се постигнуваат резултатите кои се посакувани.
При приемот кај градоначалникот на Општина Берово беа присутни и неговата мајка Софче Воденска како и неговите баба и дедо кои се големи подржувачи на Кристиан кој желбата за борење и боречки вештини ја добил од својот татко Ванчо кој е поранешен каратист и личен тренер на Кристиан.
По враќањето во Германија веќе на 28 август, Кристиан го очекуваат нови борби во борење, додека во ноември е и натпреварувањето во НАГА кое ќе се одржи во Париз, Франција.
Плакета на чудото од дете 10 годишниот Кристиан Воденски.
-Малиот Кристиан со своите родители живее во Германија каде секогаш се бори под з