Градоначалникот Илчо Захариев, го плати прв својот данокот на имот за 2016 година.- Мојот пример ќе го следат службениците од општинската администрација и јавните претпријатија. Да порачам и на граѓаните на Штип да си го платат данокот на имот, тоа е обврска, а средствата кои се прибираат од него се важни за завршување на сите инфраструктурни проекти – изјави Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
Лани, само по основ данок на имот Штип наплати околу 20 милиони денари:
– Наплатата е околу 80% од данок на имот на физички лица, со што се реализираше се она предвидено во програмата, рече Павле Митев, Раководител на Секторот за финансии.
Сепак, околу 2.000 граѓани на Штип својата обврска за плаќање на данок сe уште ја немаат подмирено.
Сите заедно, на општина Штип, само за една година, и должат околу четири милиони денари:
– Граѓаните да си ги измират неподмирените давачки. Во спротивно, ќе бидеме приморани да ги наплатиме по присилен пат – потенцираше Митев. Инаку, годинава вкупно, од физички и правни лица, општините планираат да соберат околу 140 милиони денари.- Мојот пример ќе го следат службениците од општинската администрација и јавните претпријатија. Да порачам и на граѓаните на Штип да си го платат д