Градоначалникот Талески изврши увид на инфраструктурни проекти и објекти

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, денес изврши увид на инфраструктурните проекти и објекти што ги реализира локалната самоуправа во овој период од градежната сезона.Според Талески во изминатите три месеци немало никаков застој во реализацијата на проектите и програмата на општина Битола, a наскоро ќе почне реализацијата на неколку крупни проекти.
– На улицата „Широка“ градиме два краци во должина од 826 метри, и таа е составен дел на проектот „Изградба на 100 улици“ кој доколку послужат временските услови ќе ја надмине таа бројка и ќе биде со над 100 улици. На улицата е поставена водоводна и канализациска мрежа, улично осветлување а на крајот улицата ќе биде асфалтирана со што ќе биде заокружена оваа инвестиција од над 30 милиони денари, истакна Талески.
Битолскиот градоначалник најави дека до завршувањето на градежната сезона ќе бидат интезивирани активностите во урбаните и руралните средини на општината.Според Талески во изминатите три месеци немало никаков застој во реализацијата на проектите и програмата на општина Битола, a наскоро ќе почне

Пронајдете не на следниве мрежи: