Градоначалникот Трајановски го посети пунктот за бездомни лица- Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар со по 500.000 денари годишно, а оваа наша поддршка ќе продолжи и во иднина. Бездомниците во овој центар којшто работи веќе пет години, добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк. Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и натаму ќе им помага на бездомните лица – рече денеска градоначалникот Трајановски. Сите бездомни лица што ги користат услугите на овој Пункт, вкупно 50 лица, денеска добија пакети од Град Скопје коишто содржат џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење.
Пунктот за бездомници е отворен во понеделниците бездомниците кога добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток. Транспортот на корисниците на услуги на пунктот го обезбедува Црвениот крст и тоа од неколку локации во градот и по добиените услуги, бездомниците повторно се враќаат на истата локација. Бездомниците кои поради здравствената состојба имаат потреба од привремено сместување се згрижуваат во прифатилиштето и таму можат да останат додека не закрепнат.
Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги. Прифатилиштето ги нуди своите услуги и во ситуации кога температурите надвор се многу високи или ниски со цел да се згрижат привремено и да се избегне смртноста кај оваа група на граѓани. Доколку за тоа има потреба прифатилиштето е на располагање секоја ноќ, при што се ангажира тим кој функционира 24 часа и е воедно мобилен и спремен да ги преземе бездомниците од местата каде што се лоцирани. Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска се заблагодари за поддршката на Градот Скопје, како и на компаниите кои во се поголем број ја поддржуваат работата на Центарот и им го олеснуваат животот на бездомните лица.
Исто така, Градот Скопје го поддржува Проектот на организацијата Паблик – списанието „Лице в лице“ од 2013 година. Продавачи на ова списание се бездомни лица кои од секој продаден број заработуваат половина од вкупната сума на списанието.- Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар со по 500.000 денари годишно, а