Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вчера /15.08.2016 година/ во хотелот „Континентал“ организираше вечера за тимот спасувачи што пристигна од Градот Истанбул, Република Турција и активно се вклучи во справувањето со последиците од големите поплави од минатата сабота.Трајановски изрази голема благодарност за помошта која спасувачите од Истанбул ја даваат на терен во овие тешки моменти за Скопје, покажувајќи голема хуманост, храброст и солидарност. Тој упати благодарност и до градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш, за испратената помош и за укажаната голема поддршка за Скопје.
Во Скопје веќе пет дена престојува и помага во расчистувањето на последиците од поплавата екипа спасувачи од Истанбул составена од 32 лица, со 11 возила и механизација.Трајановски изрази голема благодарност за помошта која спасувачите од Истанбул ја даваат на терен во овие тешки моменти за Скопје, покажу