Градоначалникот Трајановски оствари средба со францускиот амбасадор Тимоние

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Франција во Македонија Кристиан Тимоние.На средбата, како што информира Град Скопје, Трајановски ја потенцирал важноста од зголемување на соработката меѓу главните градови Скопје и Париз, како и размената на заемни искуства меѓу двете држави, особено во областа на урбанизмот, сообраќајот, екологијата, електромобилноста…
Францускиот амбасадор Тимоние изразил желба за продлабочување на успешната соработка меѓу двете држави во повеќе области. Тимоние и Трајановски разговарале и за досегашната соработка на Град Скопје со збратимените градови од Франција, Дижон и Рубе и изразиле подготвеност таа да се интензивира со поддршка од Амбасадата.
Градоначалникот Трајановски информирал за проектите на кои градот е фокусиран и ја истакнал одличната соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија. Тој изразил голема благодарност за учеството на француската театарска група на културно-уметничкиот настан „Бела ноќ 2016“, кој истовремено се одржува во Скопје и во Париз.На средбата, како што информира Град Скопје, Трајановски ја потенцирал важноста од зголемување на соработката меѓу главните градови Скопј

Пронајдете не на следниве мрежи: