Градоначалникот Трајановски во увид на градежните работи на повеќе локации

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /24.09.2016 година, сабота/ изврши увид на градежните работи на поголем број на капитални проекти, кои се реализираат од страна на Град Скопје. 
Градоначалникот Трајановски на терен изврши увид на градежните работи на втората фаза од проектот за проширување и реконструкција на булевар „Трета македонска бригада“. Денеска на терен се вршеше асфалтирање на дел од делницата на овој капитален инфраструктурен проект, кој е од витално значење за овој дел од Скопје.
Втората фаза од проектот за проширување и реконструкција на булевар „Трета македонска бригада“ предвидува проширување на овој булевар на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, на потег во должина од 1.400 метри. Со овој проект улицата „Трета македонска бригада“ ќе добие 4 сообраќајни ленти (по две ленти во секоја насока), зелен појас од 1,5 метри, велосипедска патека покриена со асфалт и широка 2 метра и тротоар покриен со бекатон плочки со ширина од 3 метри. Ќе се изгради и средишна разделна жардиниера со ширина од 5 метри. На овој дел од улицата Трета македонска бригада се поставува и нова атмосферска канализација со вкупна должина од 1.250 метри, како и ново улично осветлување. За овој проект Градот Скопје ќе потроши околу 104 милиони денари.
Градоначалникот Трајановски изврши увид и во градежните работи на првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булеварот „АСНОМ“. Градежните работи на оваа улица се во завршна фаза и денеска се вршеше асфалтирање на улицата.
Со овој проект ќе се врши реконструкција и проширување на булеварот „АСНОМ“ на потег од објектот на Фудбалската федерација на Македонија (Куќата на фудбалот) до првите куќи на улицата Тодор Чангов, во Лисиче, на потег со вкупна должина од 430 метри. Со проширувањето, булеварот АСНОМ на оваа делница ќе добие 4 (четири) сообраќајни ленти (по две ленти во секоја насока) широки по 3,5 метри. Ќе се изведе и средишна жардиниера со променлива ширина од 2 до 5 метри, како и тротоари, велосипедска патека и разделно зеленило. Значајно е што во текот на градежните работи ќе се формира нова раскрсница на вкрстувањето на булеварот АСНОМ со булеварот Февруарски поход, а ќе се уредат и две нови автобуски стојалишта. Проширувањето на булеварот АСНОМ ќе се искористи за да се постави нова атмосферска канализација, како и ново улично осветлување.
Во овој значаен зафат Градот Скопје ќе вложи околу 31,8 милиони денари.
  
Градоначалникот Трајановски на терен изврши увид на градежните работи на втората фаза од проектот за проширување и реконст

Пронајдете не на следниве мрежи: