Градот Скопје ги демантира наводите изнесени на дел од Интернет-порталите со наслов „ Урнато купатилото на скопјанка, измамена од градоначалниците Коце и Сокол, за изградба на булевар“.Град Скопје при утврдувањето на постапките за експропријација за реализациија на јавен интерес, проширување на улица Борис Сарафов, воопшто не ја третира парцелата и објектот на госпоѓата Елица Обрадовиќ, бидејки истата не е на трасата низ кој минува делот од сообраќајницата. Бањата која била првично урната, била во парцела и сопственост на соседот, со кој Град Скопје има склучено договор за експропријација и истиот е обештетен.
Од тука, тврдењето дека госпоѓата Обрадовиќ дозволила да се урне старата бања за да се прошири булеварот е сосема неточно, затоа што Град Скопје и Општина Ѓорче Петров немале никаква потреба да преговараат со почитуваната сограѓанка, бидејки имотно-правно проблемот бил веќе решен со сопственикот на чија парцела се наоѓала бањата.
Град Скопје и Општина Ѓорче Петров се обидоа од хумани причини да направат некое привремено решение, што на госпоѓата Обрадовиќ и е ставено до знаење, но на инсистирање на соседите преку поднесување пријава до градежната инспекција објектот е урнат. Сепак, цениме дека во рамки на деталниот план и просторот кој е сопственост на госпоѓа Обрадовиќ може да се изнајде соодветно решение.
Град Скопје во изминатите осум години реализира мноштво инфраструктурни проекти и со сите реални сопственици изнајде соодветни решенија без поголеми проблеми и несогласувања, во крајно коректна атмосфера, а се со цел да се уреди јавниот интерес на сите граѓани на Скопје.Град Скопје при утврдувањето на постапките за експропријација за реализациија на јавен интерес