Градот Скопје реагира на денешната изјава на Пеце Мирчевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, каде истиот изнесува невистини околу состојбите во Скопје со зелените површини и велосипедската инфраструктура.Она што е уште пожално за неговата изјава е што истите користат настан кој е во организација на Град Скопје, за да „ветуваат“ на граѓаните проекти кои или се реализирани или се во тек на реализација токму од Градот Скопје.
Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ изминативе 9 години направија револуција во однос на подигнувањето на нови паркови и зелени површини во Скопје, како и во садењето на нови дрва, нешто што во Скопје беше запоставено повеќе од 40 години.
Оваа година бевме сведоци на отворање на нов парк во Општина Аеродром, кој се простира простира на површина од 10 хектари, од кој околу 9 се зелена површина, со што истиот стана вториот најголемиот парк во Скопје по Градскиот парк. Ваква парковска содржина, со волку голема површина не е изградена во Скопје до далечната 1972 година, кога последен пат е реконструиран Граскиот парк.
Дополнително, според сите статистички податоци кои ги поседува ЈП „Паркови и зеленило“, изминативе неколку години подигнати се рекорден број на нови или реконструирани постојани зелени површини.
За потсетување,
– На јавните површини во Скопје екипи на Градот Скопје досега засадија над 70.000 листопадни, зимзелени и грмушести садници, како и 1,5 милиони цвеќиња.
– По должината на проширениот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов уреден е новиот парк „Македонија“ со површина од 62.000 квадратни метри, каде се засадени околу 800 нови дрвја и садници.
– Започнато е и уредувањето на третиот дел на паркот „Македонија“ на површина од 10.000 метри квадратни, од кои 6.000 квадратни метри ќе бидат зелена површина
– Во близина на овие паркови го уредивме и „Паркот на 100 дрвја“, на површина од 3.500 квадратни метри,
– Ги обновивме дрворедите по должината на булеварите, и тоа на булеварите Илинден, Свети Климент Охридски, Митрополит Теодосиј Гологанов, Борис Трајковски, Србија, Јане Сандански, Александар Македонски, Видое Смилевски Бато, Никола Карев…,
– Градот Скопје набави нова машина со систем за пресадување на дрвја со што повеќе нема да мора да се сечат дрвја при ерализација на инфраструктурни проекти
– Ги зазеленивме средишните жардиниери на сообраќајниците,
– Доделивме над 20.000 бесплатни садници на куќните совети и на јавните институции.
– Градскиот парк (прв дел) доби комплетно нов лик, со ново зеленило, украсни чешми и нови интересни содржини за децата.
– Во парк-шумата „Водно“ во последните години се засадени повеќе од 55 хектари со зимзелени и листопадни садници.
– Во Паркот на природата „Гази Баба“ се пошумени повеќе од 1,5 хектари со листопадни дрвја, а засадени се и дополнителни 1.000 големи садници.
– На првиот ден на пролетта минатата година Градот Скопје на јавните површини засади вкупно 10.000 бели рози, во сите скопски општини.
Околу ветувањето на Мирчевски за изградба на велосипедска структура, сакаме да ја потсетиме јавноста дека во моментов на територијата на Скопје се реализира најголемиот проект за изградба и реконструкција на велосипедски патеки изминативе 50 години – „Скопје велоград 2014-2017“. Со овој проект во градот ќе се оформат четири главни велосипедски рути кои ќе се протегаат во насока исток – запад и 7 конектори кои ќе се протегаат во насока север – југ, или ќе се реконструираат постоечките и ќе се изградат нови велосипедски патеки со вкупна должина од 51 километар.Она што е уште пожално за неговата изјава е што истите користат настан кој е во организација на Град Скопје, за да „ветуваат“