Градот Скопје и оваа година се вклучи во акцијата на пошумување „Ден на дрвото“ која се спроведува по 17-ти пат. И оваа година вработени на градската администрација, јавните претпријатија и културните установи, како и ученици од средните училишта на голем број локации во сите општини во Скопје ќе засадуваат дрвја и садници.Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, претставници од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засадија ја својата иднина“ и граѓани денеска садеа садници во новиот парк во Општина Аеродром.
– Градот Скопје и оваа година дава поддршка на „Денот на дрвото“ на повеќе локации, вклучувајќи го и новиот парк во Аеродром, којшто се простира на површина од 100.000 метри и е вториот по големина парк во Скопје. Планирано е на територијата на Скопје во наредниов период да се 1 милион садници, од кои 256.000 садници ќе се засадат во урбаниот дел на градот. Од овие садници околу 50.000 се дрва набавени од ЈП „Македонски шуми“, а 12.000 дрва се набавени од страна на ЈП „Паркови и зеленило“. Покрај во урбаниот дел, акцијата се спроведува и во руралниот дел, на повеќе локации на Скопска Црна Гора и обиколницата. Градот Скопје перманентно работи на подобрување на состојбата со зелените површини во Скопје, преку уредување на постоечките површини, кревање на нови зелени површини, спроведување на акции за садење на дрвја и садници, како и преку делење на садници за уредување на јавните површини и блоковското зеленило – кажа градоначалникот Трајановски.
Директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, истакна дека денеска на 60 локации на територијата на 30 општини во Република Македонија ќе се засадат околу 2,6 милиони садници на вкупна површина од 550 хектари, а во акцијата најмногу акцент е ставен на најзагадените градови, односно на Скопје, Битола, Кичево и Тетово. Во оваа акција за пошумување ќе се користат дрва од видот бор, багрем, јасен, јавор, повеќе видови на чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев…
Кристина Николовска од здружението на граѓани „Ден на дрвото – засадија ја својата иднина“ информираа дека во досегашните 16 акции се пошумени речиси 13.000 хектари со над 40 милиони садници.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, директорот на ЈП „Македонски