Градот Скопје се збратими со Тирана

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Градот Тирана, Ерион Велиај,  денеска /30.09.2016 година/ во Тирана потпишаа спогодба за соработка меѓу градовите Скопје и Тирана, со што двата града официјално се збратимија. 
Имајќи го предвид традиционалното пријателство и соработка на Република Македонија и Република Албанија, како и досегашната соработка на Град Скопје и Град Тирана, а со желба да се развиваат и збогатат постојните врски и соработката меѓу двата града, градоначалниците на Град Скопје и на Град Тирана ја потпишаа оваа Спогодба и го потенцираа значењето на соработката на културните, научните и образовните институции; градовите ќе разменуваат искуства и експерти во областа на комуналната инфраструктура, сообраќајот, одржливиот развој, заштитата на животната средина, социјалната заштита, културата, спортот  и во сите други области коишто се од значење и во интерес на двата града; ќе разменуваат искуства и примери на добри практики поврзани со европската интеграција, ќе разменуваат информации за проекти и ќе соработуваат во реализацијата на проектите од заеднички интерес.
Ми претставува особена чест што денеска го потпишавме овој договор за соработка, односно договор за збратимување, како еден од највисоките документи за соработка меѓу два града. Ова збратимување има големо значење за Скопје зашто ние доаѓаме од две соседни земји кои негуваат одлична соработка. Нашата соработка за нас ќе значи и побрзо приближување до Европската унија, како и размена на искуства во повеќе области – работата на администрацијата, урбанизмот, културата, образованието, социјалната заштита, локалниот економски развој, комуналните работи, работењето на јавните градски претпријатија и друго. Јас за првпат престојувам во Тирана и сум пријатно изненаден од развојот на градот. Тирана е големо градилиште, а тоа јасно зборува за работата на градоначалникот и на администрацијата. Сакам да истакнам дека е многу важна и нашата соработка за искористување на европските фондови за прекугранична соработка и пожелувам нашите два града да бидат пример во регионот за соработка – изјави градоначалникот Коце Трајановски, на денешната средба во Тирана.
Градоначалникот на Град Тирана, Велиај, истакна дека со задоволство очекува размена на искуства за работењето на Град Скопје, за успешното функционирање на јавните претпријатија, за сообраќајните решенија и за менаџирањето со кризните ситуации.
Очекувам по неколку недели да ја возвратиме посетата на Скопје, како прв чекор во нашата соработка. Заинтересирани сме да подготвиме календар за соработка во многу сфери од нашето делување – урбанизмот, културата, размената на ученици и студенти, за организирање културни манифестации… Ми претставува големо задоволство што граѓаните на Скопје и на Тирана веќе ја предводат оваа соработка, патуваат и негуваат пријателски односи. Се надевам на плодна соработка меѓу нашите два града – нагласи по средбата, градоначалникот Велиај.
Соработката на Градот Скопје и Градот Тирана датира од 1996 година. Оттогаш се реализирани неколку возвратни посети, а особено е интензивна соработката на полето на културата, уметноста, образованието и спортот.
Градот Скопје е збратимен со вкупно 19 градови, а има воспоставено пријателски односи и соработува со над 50 градови од светот. Почнувајќи од 1961 година, па досега, Скопје е збратимен со градовите:
∙ Брадфорд (1961г.), од Велика Британија;
∙ Дижон (1961г.),  Република Франција;
∙ Дрезден (1967г.), Сојузна Република Германија;
∙ Темпи (1971г.), Аризона, САД;
∙ Рубе (1973г.), Република Франција;
∙ Варем (1974г.), Белгија;
∙ Нирнберг (1982г.), Сојузна Република Германија;
∙ Еч Шериф (1985г.), Алжир;
∙ Нан Чанг (1985г.), Народна Република Кина;
∙ Маниса (1985г.), Република Турција;
∙ Суец (1985г.), Египет;
∙ Питсбург (2003г.), Пенсилванија, САД;
∙ Истанбул (2003г.), Република Турција;
∙ Љубљана (2007г.), Република Словенија;
∙ Подгорица (2008г.), Црна Гора;
∙ Сарагоса (2008г.), Кралство Шпанија;
∙ Загреб (2011г.), Република Хрватска;
∙ Белград (2012г.), Република Србија;
Тирана (2016г.), Република Албанија.
Соработката со голем број градови од странство пред се се должи на фактот што по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, Скопје стана град на меѓународната солидарност, па најголемиот број збратимувања и потпишани протоколи за соработка датираат по 1963 година.
Со збратимените градови Градот Скопје негува плодна соработка, во различни области. Разменува искуства на полето на образованието, културата, јавната хигиена, урбанистичките решенија, сообраќајот и енергетската ефикасност. 
  
Имајќи го предвид традиционалното пријателство и соработка на Република Македонија и Република Албанија, како и досегашната соработк

Пронајдете не на следниве мрежи: