Со проектот „Подобрување на економските услуги од регионално значење – модернизација на регионален пазар“ кој се спроведува преку Центар за развој на Пелагониски плански регион, ЈКП „Пазари“ и општина Прилеп денеска градоначалникот Марјан Ристески посочи дека наскоро ќе започне третата фаза од допокривање на пазарот во Прилеп.Вкупна вредност на проектот изнесува 4.334.721 мкд, кој финансиски е поддржан од програмата за рамномерен регионален развој во 2016 година на Министерството за локална самоуправа на РМ преку Бирото за регионален развој.
Со проектот ќе се изврши покривање на пазарот преку изработка на нова кровна конструкција за површина од 831 м², од кои на 644м² ќе биде изработена челична конструкција со два челични профили и ќе се изврши покривање на површина од 187м² со трослоен, транспарентен лексан. Со проектот ќе се изработи нов под за поставување на бехатон подни плочки на површина од 977м² од кои на 648 м² ќе бидат поставени нови подни плочки а додека на останантите 329 м² ќе бидат поставени стари плочки.
Со реализацијата на проектот ќе се врши модернизацијата на пазарот, ќе се создадат инфраструктурни предуслови за зголемување на економската активност и зголемување на севкупната конкурентност на овој дел од регионот. Со реализацијата на проектот ќе се подобрат економските услуги од регионално значење, ќе се овозможи зголемен проток на стоки и услуги кои во најголем дел се произведуваат во Пелагонискиот регион, а ги купуваат најмалку 350.000 жители на овој регион, но и на соседните региони.
Со проектот ќе се создадат подобри услови за околу 400 од продавачи од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Кавадарци, Неготино, Македонски Бро… како и за купувачите кои купуваат на овој пазар.Вкупна вредност на проектот изнесува 4.334.721 мкд, кој финансиски е поддржа