Градскиот пазар во Штип пуштен во употреба

Штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска свечено во употреба го пушти покриениот пазар и новите 14 дуќани, а директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев информира дека инвестицијата изнесува над 14 милиони денари.– За многу кратко време почнувајќи од јануари па до денес успеавме да направиме 14 дуќани, успеавме да направиме нови 120 продажни места и успеавме комплетно да го покриеме плато број еден на Градскиот пазар. Ова ќе ги подобри условите за самите купувачи, а и на самите проадвачи. Како општина имавме еден од најлошите пазари во земјава, а сега го имаме најдобриот пазар, вели Бојаџиев.
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев истакна дека во чест на православниот празник „Свети Константин и Елена“ денеска се пушта Градскиот пазар, кој е целосно реконструиран и е покриен.
– Создаваме амбиент и кога купуваме производи, кога произведуваме здрава храна. Таа храна да се продава во соодветни и чисти услови, а на граѓаните да им биде мило што даоаѓаат овде да пазаруваат. Инвестицијата е на ЈП „Исар“, која го реализираше проектот со сопствени средства, нагласи Захариев.
Штипјани кои денеска пазаруваа на Градскиот пазар се задоволни што сега имаат услови во овој објект, а како што велат сега нема потреба да стравуваат од дожд, снег или сонце, односно од временските прилики.– За многу кратко време почнувајќи од јануари па до денес успеавме да направиме 14 дуќани, успеавме да направиме нови 120 продажни места и ус

Пронајдете не на следниве мрежи: