Откако еврокомесарот за проширување Јоханес Хан преку портпаролката порача дека нема да има време да се сретне со претставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, претседателот на Македонија, Горѓе Иванов одлучи да му отстапи простор за средба, објави Дневник.Иванов го откажа состанокот со Хан, а терминот предвиден за него им го отстапи на претставниците на „За заедничка Македонија“, кои со денови, се помасовно, мирно протестираат, барајќи отфрлање на тиранската платформа.
Во изјава за „Дневник“ членот на граѓанската асоцијација Борис Дамовски порача дека иако Хан одлучи да ги игнорира граѓаните што протестираат, сепак, ќе ги чуе нивните пораки за зачувување на Македонија оти граѓаните попладне во 17 часот ќе бидат пред Владата и Собранието.
– Иако одбра да н` игнорира, сепак, ние мирно, но гласно и масовно, како секој ден, ќе кажеме што сакаме и бараме и оти нема да дозволиме странски платформи да ја уредуваат нашата држава – рече Дамовски.
Но иако протестите беа најавени за попладнето, сепак поддржувачи на граѓанската иницијатива уште во 13 часот се собраа и го блокираа влезот на канцеларијата на ЕУ во Скопје, каде што во тие моменти се наоѓаше Хан додека се подготвуваше за средбите со партиските лидери.
– Тука сме за да не слушне, да знае дека не може да ја кројат нашата судбина ниту ЕУ ниту никој од надвор – извикуваше постар човек облечен во костум.
Исто така постара жена застана пред насобраните момци со македонски знамиња во раце и почна да ја пее народната „Земјо македонска“. Веднаш ја поддржаа момците зад неа, а потоа и сите собрани.
– Оваа земја е со крв добиена, за неа загинаа нашите предци, нема да дозволиме да ја уништите – извикуваше жената седната на земја, додека ја бакнуваше.
Нејзините зборови беа следени со аплауз и извикувања од собраните луѓе.
– Не мешајте се во внатрешните работи, вратете си се од каде што дојдовте – викаа и свиреа луѓето.
Улиците пред седиштето на ЕУ беа блокирани од камионите и службените возила на фирмата „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“ на сопственикот Сеад Kочан. Вработените и поддржувачите извикуваа: „Слобода за Kочан, слобода за новинарите!“.
Во тој момент еден човек дојави дека Хан успеал од заден влез и со помош на обезбедувањето да излезе од просториите на канцелариите на ЕУ и да замине кон Собрание, каде што требаше во 14 часот да почне со планираната агенда на средби со лидерите на политичките партии.
Насобраните луѓе се упатија кон Собранието, порачувајќи дека таму ќе го дочекаат 17 часот, кога ќе пристигнат и другите поддржувачи на „За заедничка Македонија“.Иванов го откажа состанокот со Хан, а терминот предвиден за него им го отстапи на претставниците на „За заедничка Македонија“, кои со д



