Граѓаните едвај „крпат“ крај со крај за преживување на месецот, а трошоците растат

Ако стапката на месечните плати не се зголеми драматично, во наредниве 5 години, односно до 2023 година секој вработен би се задолжил за околу 7.000 евра годишно.Бројките покажуваат дека ако сега приходите во просек се околу 24.000, а расходот е речиси 32.000 денари месечно, зијанот месечно би бил околу 8.000 денари, пари кои граѓанинот треба или да ги позајми, или пак да се задолжи во банка. Има луѓе, односно семејства каде што влегуваат и по две плати месечно, но останува отворено прашањето што со оние кои немаат ниту една, или пак се социјални случаи.
Граѓаните пред камерата на Алфа се жалат дека едвај „крпат“ крај со крај за некако да дотуркаат месецот. Велат примањата се ниски, а трошоците „страшно“ високи.
И додека граѓаните живеат во сиромаштија, дел од фирмите се борат за гола егзистенција и стопанството полека тоне, покажуваат последните анализи на годишно ниво.
Во меѓувреме, зголемена е вредноста на минималната потрошувачка кошница. На четиричлено семејство во февруари му биле потребни 32.383 денари за основни потреби, пресметаа Синдикалните работници.
Потребните пари се однесуваат на семејство каде има само еден вработен член, со стан од 50-тина квадрати, без возило.
13.395 денари – храна и пијалоци10.476 денари – покуќнина и комунални трошоци927 денари – лична хигиена1.364 денари – хигиена во домот2.349 денари – превоз2.122 денари – обувки
Најмногу пари или околу 13.000 денари во февруари се одвојувале за храна и пијалоци, а близу 10 ипол илјади за комунални трошоци и покуќнина. За превоз четиричлено семејство трошело 2.349 денари. Најмалку пари се одвојувале за културни активности и за здравје.
Според податоците на Државната статистика, просечната исплатена нето-плата во Македонија во јануари годинава е 24.025 денари, и е за 5,6% повисока од истиот месец лани. Просечната бруто-плата, пак, во јануари годинава изнесува 35.225 денари.
Пресметките за трошоците за живот на Македонците како да стануваат весела математика кога се зема в предвид дека сите вработени не земаат пари колку што изнесува просечната плата, па им недостасува уште половина од неа, за да го дотуркаат месецот.
Според последните податоци на државната статистика, трошоците на живот се зголемени за 1.9% во февруари годинава, во однос на истиот период лани.
Ако овие бројки продолжат да се зголемуваат, според статистика, ќе расте стапката на осиромашување кај повеќечлените семејства, вработените лица, но и кај пензионерите. Бојките покажуваат дека најтешко живеат семејставата со три и повеќе деца.Бројките покажуваат дека ако сега приходите во просек се околу 24.000, а расходот е речиси 32.000 денари месечно, зијанот месечно би бил околу 8.00

Пронајдете не на следниве мрежи: