Граѓаните ги одобруваат парковите во Аеродром

Со високи 82 проценти жителите на Општина Аеродром го изразија своето задоволство за изградбата на нови паркови на неодамнешната анкета спроведена во текот на ноември на 2721 репрезентативен примерок.Имено, на прашањето „Какво е вашето мислење за изградбата на 9 нови паркови во Општина Аеродром“ дури 82 проценти од испитаниците одговориле позитивно, само 9% негативно и 9 проценти немале одговор.
Општина Аеродром е позната по големиот број паркови во сите нејзини населби. Во последните неколку години се изградени 9 големи зелени паркови на површина од 100.000 квадратни метри, со што значително се влијае врз подобрување на екологијата.
Општина Аеродром ќе го почитува мислењето на граѓаните и ќе продолжи со изградба на паркови и подигање зеленило и на други локации.
Инаку, проектот за изградба на паркови беше еден од 16-те понудени проекти во анкетниот лист што се реализирани или што ќе се реализираат наредниот период.Имено, на прашањето „Какво е вашето мислење за изградбата на 9 нови паркови во Општина Аеродром“ дури 82 проценти од испитаниците

Пронајдете не на следниве мрежи: