Граѓаните кои ги следат медиумите блиски до СДСМ или финансирани од Сорос повторно немаа прилика да ја слушнат вистината и да добијат вистинска слика за тоа што се случува во државата.Ниту Телма ниту 24 Вести не известија за отпочнувањето со работа на фабриката за воздушни перничиња за светски марки на автомобили, инвестиција на американската компанија „Ки Сејфти Системс“ во технолошко-индустриската зона во Кичево во која бројот на вработени ќе достигне до 1.000 лица.
Ниту Телма ниту 24 Вести не информираа дека и вчера продолжија протестите на граѓаните пред МВР насочени против технички назначениот министер Оливер Спасовски поради неговото постапување за време на случувањата во Бутел.
Но затоа само на овие две телевизии пропагандата базирана на лаги и измислици од СДСМ и партиските насоки за неаргументирано напаѓање на ВМРО- ДПМНЕ беше застапена со вкупно 6275 секунди во само еден појас на информативни програми и дебатни емисии или неколку пати повеќе од тоа во текот на целиот ден.
Вчера ТВ 24 Вести го собори личниот рекорд за март кога е натпреварот за отстапување простор за пропагандата на СДСМ базирана врз лаги и манипулации со дури 1520 секунди во централните вести одделени за промоција на СДСМ и нивните оркестрирани негативни манипулативни кампањи насочени кон ВМРО- ДПМНЕ. Во дебатните емисии на оваа телевизија на манипулациите на опозицискиот блок и извртување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ им беше доделена секундажа од 1500 секунди.
На второто место повторно се најде ТВ Телма која вчера во централните вести во 855 секунди дозволи промоција на манипулативната пропаганда на СДСМ и неаргументираните напади врз ВМРО-ДПМНЕ. Во просторот за дебатни емисии 2400 секунди добија опозициските мегафони.
Овие телевизии според СДСМ се фер и избалансирани се додека просторот кој го одделуваат за пропагандата и измислиците од Бихаќка секој ден се мери со илјадници и илјадници секунди во своите вести и дебатни емисии, секој ден.
Телевизијата 24 вести која на својот веб-сајт има и посебна категорија наречена „Слободни медиуми“ информираше за подигнатиот герилски споменик на дијазепамот, а не за фабриката во Кичево која ќе вработи 1000 лица. ТВ Телма информираше за најновиот поразот на РК Мак Струмица, а пропушти да ја спомне американската инвестиција во Кичево.
Тоа е медиумската демократија на СДСМ.Тоа се добрите медиуми за СДСМ. За таква избалансираност зборува СДСМ – илјадници секунди секој ден за пропагандата од Бихаќка, како што беа пасошите и личните карти на Фокус, личните карти на Спасовски и најновиот измислен скандал за кој им се смее цела држава – Даниела Рангелова и т.н. фантоми од Брвеница.
Кај соросовите портали како Плус Инфо, Либертас, А1 Он, Нова Тв, Фокус и другите кои граѓаните ги препознаваат како мегафони на опозицијата ништо ново. Според предвидената норма, написите против ВМРО-ДПМНЕ доминираат (124) во споредба со текстовите во кои се промовираат ставовите и манипулациите на
СДСМ (91). Од балансираното новинарство кај овие портали важи само балансот на банкарското салдо после посетата на Сорос.
Ваква медиумска Македонија сака да гледа СДСМ. Сите портали и телевизии кои спроведуваат директиви од СДСМ се прогласувани за добри телевизии, а сите кои не се покоруваат на наредбите од Бихаќка треба да бидат казнети со одземање лиценци.
Тоа е лицемерието на СДСМ во врска со медиумите и правото на слобода на информирање. СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.
Ваквото тоталитарно однесување на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС.Ниту Телма ниту 24 Вести не известија за отпочнувањето со работа на фабриката за воздушни перничиња за светски марки на автомобили, инвестициј