Продолжува непринципиелното неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните кои ги следат овие медиуми повторно немаа можност да ја слушнат вистината и да добијат вистинска слика за случувањата во земјата. На овие медиуми немаше ниту збор за планираното сценарио на СДСМ за создавање алиби за бегство од избори, одложување на изборите или непризнавање на изборните резултати.
24 Вести го задржува лидерското место на ранг-листата на медиуми кои на измислиците и конструкциите на СДСМ им посветуваат најмногу внимание односно им доделуваат најмногу простор. Во вчерашните централни вести за наративот и насоките од Бихаќка беа одделени 610 секунди.
ТВ Телма во своите централни вести овозможи 400 секунди простор за лагите и манипулациите на СДСМ и тезите произлезени од фабриките за афери на Чаушот. Во Топ Тема со Александар Чомовски гостуваа избалансираниот Љубомир Фрчковски и лустрираниот Трендафил Ивановски, или во превод 3720 секунди во ударен термин овозможени за промоција на конструкциите и фабрикациите на СДСМ.
Само на овие две телевизии во само еден програмски појас СДСМ доби речиси 5000 секунди за пласирање на измислиците како што тоа го правеше со фабрикуваната афера за лични карти и пасоши, со срамната конструкција на Оливер Спасовски со возачките дозволи и со обидот да се исценира проблем со Избирачкиот список во Брвеница.
Порталите кои веќе се препознати од граѓаните како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, наградуваниот Фокус на Чауш и Арсиќ, Либертас, Плусинфо и другите вчера повторно работеа во насока на постигнување баланс на своето банкарско конто на кое легнуваат грантовите од Сорос. Вчера овие портали продуцираа 97 текстови со неаргументирани критики кон ВМРО-ДПМНЕ и 74 со пофалби за манипулативните тези на СДСМ.
Ова е избалансираното новинарство за кое се бори СДСМ – да добива илјадници и илјадици секунди секој еден ден на телевизиите и стотици и стотици нарачани текстови на порталите, за пласирање на нивните фабрикации и огромни лаги, како и за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Медиумите кои нема да ги следат наративот и насоките од штабот на СДСМ веднаш ќе бидат ставени на листата на политички непријатели на СДСМ и ќе бидат под закана за отстрел со високите парични казни и одземањето лиценци по наредба на Заев, како што бара СДСМ преку својот предлог-закон за медиуми.
СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни, фер и избалансирани медиуми.
Во реалноста, СДСМ се однесува тоталитарно како да е на власт во Северна Кореја или ИСИС.
Граѓаните кои ги следат овие медиуми повторно немаа можност да ја слушнат вистината и да добијат вистинска слика за случувањата