четврток, 12 ноември 2026
Најново

Граѓаните се освестија и нема да дозволиме никој да го уништи нашиот соживот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пред платото на Домот на културата во Кичево вечерва продолжи граѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија”.На присутните им се обрати Даме Силјаноски, кој во име на граѓанското здружение, рече дека сакаат да упатат порака за унитарна Македонија на сите граѓани без прифаќање на платформи создадени во туѓи држави.
– Граѓаните се освестија и нема да дозволиме никој да го уништи нашиот соживот. Уште еднаш ги повикуваме сите наши сограѓани без оглед на националната, верската или партиската припадност што сакаат да живеат во нашата заедничка држава Македонија, да ни се придружат на нашиот мирен протест. Ќе продолжиме со протести додека не се осигураме дека Македонија ќе остане таква каква што си ја сакаме и каква што треба да биде – унитарна и заедничка за сите нејзини граѓани,  истакна Силјаноски.
Протестот продолжи со марш низ улиците на градот.На присутните им се обрати Даме Силјаноски, кој во име на граѓанското здружение, рече дека сакаат да упатат порака за унитарна Македонија на сите г

Поврзани вести