Граѓаните вклучени во креирањето на Буџетот на Општина Берово за 2017 година

Транспарентноста во работењето на Општина Берово како и поттикот и граѓаните да бидат дел од креирањето на Буџетот беше основна иницијатива за организација на Буџетски форум во општина Берово.Првата форумска сесија од Форумот кој е во организација на Општина Берово со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој (SDC), раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС се одржа на 12 октомври во ОСУ “Ацо Русковски“ – Берово.
Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите  на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2017 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.
На оваа форумска сесија пред присутните граѓани се обрати градоначалникот Наџински кој ги изнесе реализираните проекти и проекти кои се во тек на реализација во оваа година, додека накратко се осврна и на приоритетите кои ќе ги има општината за наредната 2017 година.
Процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината беа презентирани од страна на Татјанка Муртовска од Одделението за финансирање и буџет во Општина Берово при што беа изнесе приходите и расходите кои се реализираат во една фискална година, изворите на приходи, нивната распределба, како и намената на буџетските трошоци. Во нејзината презентација беше потенцирано дека Буџетот на општина Берово за 2015 година е реализиран 80% што е показател за доброто менаџирање и планирање на истиот од страна на градоначалникот.
На оваа форумска сесија беа формирани  6 работни маси кои дадоа свои предлози за приоритети кои треба да влезат во општинскиот буџет за 2017 година.
Втората форумска сесија е закажана за 26 октомври во 14 часот во ОСУ “Ацо Русковски“.Првата форумска сесија од Форумот кој е во организација на Општина Берово со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој (SDC), рак

Пронајдете не на следниве мрежи: