Граѓаните задоволни од новиот проект „Купи куќа за млади“

Граѓаните задоволи од новиот владин проект „Купи куќа за млади“. Овој проект, велат, не само што ќе им го реши станбеното прашање туку ќе влијае и на одлуката да го зголемат своето семејство.Покрај тоа, овој проект ќе внесе импулс во градежништвото, кое е поврзано со уште 26 други гранки. Со овој проект се очекува да се намалат цените на куќите за тие да станат подостапни за граѓаните.
Граѓаните се задоволни од овој проект и имаат позитивни коментари за истиот.
-Мислам дека е добар, од аспект на онаа можност која ја немаат сите луѓе кои немаат можност за учество, или помош од нивните родители или некој што би требало да им помогне и тука државата излегува во пресрет.
-Сметам дека е стимулирачки и треба да се искористи. Учеството е најбитната работа, доста луѓе немаат пари за да добијат стан.
-Субвенцијата е перфектна.
-Супер. За млади брачни парови до 35 години тоа е баш супер.
-Многу ми се допаѓа и мислам дека ќе го искористиме затоа што нас не ни е решено станбеното прашање.
-Сигурно е дека е интересно, јас имам син  на таа возраст, така да размислуваме за аплицирање.
-Мислам дека е прилика за младите. Ние порано и маж ми и јас земавме кредити за да земеме стан помал, па после поголем, а сега и апетитите на младите се многу поголеми.
-Ќе се осамостојат побрзо младите. Ете ако е  куќа ќе имаат повеќедетно семејство, а тоа го сакаме.
Покрај обезбедувањето дом за младите семејства, со ова се стимулира и градежништвото, што позитивно влијае врз економијата.
-На овој начин ставаме фокус на дополнителна поддршка на градежништвото и на градежните компании во Македонија, што ќе придонесе за нивна поголема профитабилност и за отворање нови работни места во градежниот сектор, вели премиерот Груевски.
Покрај тоа, овој проект ќе внесе импулс во градежништвото, кое е поврзано со уште 26 други гранки. Со овој проект се очекува да се намалат цените н

Пронајдете не на следниве мрежи: