Граѓаните задоволни од реконструкцијата и проширувањето на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Велат дека такво нешто му е потребно на градот и сметаат дека се што се гради е убаво.-Тоа е многу убаво, многу убава идеја е за народот, не само од Македонија од секаде тука доаѓаат. Персоналот е добар. Мислам дека е најубаво да се реновира таа болница и народот да не оди во странство, да останат тука.
-Убаво е да се гради и за народот е убаво.
-Убаво е да се направи добро за пациентите. Се што се гради е добро.
-За Охрид тоа е премија тоа е богатство, за градот. Апсолутно е многу убава работа се што се прави, ама треба народот да е благодарен за тоа, да го цениме. Од секаде ќе дојдат на пример од Албанија, од Косово.
-Ќе се подобри, ова е невидено нешто. Се труди Владата.
-Беше најдобра и треба ова да се направи.
-Градот се рашири многу, требаше ова.
-Се што е корисно за народот е добро, велат жителите на Охрид.
Премиерот Никола Груевски во рамки на вчерашната посета на Охрид изврши увид во текот на градежните активности во болницата.
– Реконструкцијата на болницата „Свети Еразмо е инвестиција на Владата односно Министерството за здравство вредна 215 милиони денари. Се работи за темелна реконструкција на објектот, а во еден дел и доградба, односно ставање во употреба на нови пет илјади метри квадратни, градба отпочната некаде во 80-те години на минатиот век, рече премиерот Груевски.
Тој појасни дека во новата целосно реконструирана болница ќе биде преместен и Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“.
– Станува збор за сериозен зафат, каде со доградбата ќе се смести и кардиолошкиот завод, што на овој начин ќе добие доволно голем простор за проширување на дејноста во иднина и воведување нови методи, додека целосно ќе бдие реконструиран и постојниот објект каде е сместена болницата „Свети Еразмо“, рече Груевски, најавувајќи дека согласно договорот со изведувачот предвидено е работата целосно да биде завршена за 18 месеци односно да биде ставен во употреба некаде кон средината на 2017 година.-Тоа е многу убаво, многу убава идеја е за народот, не само од Македонија од секаде тука доаѓаат. Персоналот е добар. Мислам дека е најубаво да се