Кога Илина, тогаш 7 годишна, почна да свири клавир, за да ја растеретам од притисокот и објаснив дека училиштето е „мора“, а клавирот е во зависност од нејзината желба, го започнува својот статус светски признаениот македонски научник проф. д-р Горазд Росоклија.„Две години подоцна, Илина ми соопшти дека повеќе не сака да свири, иако имаше и талент и успех. Сакаше да има повеќе време за играње со Барбики. Јас и одговорив дека не може да прекине. Илина ги цитираше моите зборови, а јас и одговорив дека кажаното е само за да си играме демократија дома, а ќе биде онака како што јас ќе одлучам.
Децата имаат желби, но децата ја немаат големата слика за нивниот живот.
Каква врска имаме Илина, јас и клавирот, со глумењето демократија на меѓународните финансиски институции и Грција?
Викторијанска Англија ја промовираше Грција како колевка на демократијата, како историски пример кој треба да биде следен од Европа.
Европските финансиски институции и ММФ (Меѓународен монетарен фонд) го прават следново:
1. Ја уништуваат СИРИЗА како лош пример кој би можеле да го следат гласачите во другите земји должнички.
2. Сакаат да покажат дека режими на кои барем делумно им е значаен интересот на народот (СИРИЗА), нема да бидат успешни.
3. На земјите должници преку примерот на Грција им покажуваат дека одбивање на условите наметнати од светските финансиски институции ќе значи страдање, страдање и само страдање.
Кој мисли дека меѓународните финансиски институции се независни од владите на Г8, има надземна перцепција на реалноста.
Говорот на европските политичари е полн со „демократија“, одлуките потсетуваат на мојата и клавирот на Илина, при што Илина денес свири клавир, а Грција е фрлена на колена.
Кога некој постапува различно од тоа што го зборува, го викаат лажго.
Никој не е изненаден дека Европа лаже, изненадувањето е големо што во Македонија сеуште има луѓе кои и веруваат“.
„Две години подоцна, Илина ми соопшти дека повеќе не сака да свири, иако имаше и талент и успех. Сакаше да има повеќе време за играње со Барб