Сé помалку Грци се решаваат за традиционално големите и богати венчавки во време на длабоката економска криза во нивната земја, а забележана е и појавата на одбегнување на погребиПозната е влијателната улога во општеството на Грчката православна црква, па црковните венчавки се дел од традицијата и речиси се незаобиколен дел во Грција.Имајќи предвид дека рецесијата во земјата трае со години, невработеноста расте, а сиромаштија опфаќа сé поголем дел од населението, венчавките во црква во Грција станаа луксуз кој многу млади двојки, односно нивните родители, не можат да си го дозволат.Така, бројката грчки двојки кои имале венчавка во црква паднал на 28 илјади во 2011 година, додека пред почетокот на кризата во 2008 година, оваа бројка на црковно склучени бракови изнесувала 40 илјади, покажуваат податоците на грчката агенција за статистика.За Грците, исто така, станеле прескапи и погребите, па властите во главниот град Атина ги намалија цените за закопите на градските гробишта.Некои Грци, дури, ги оставаат своите членови од семејството во болниците каде што починале, за да ги избегнат трошоците за погребот, а други, пак, не поставуваат надгробни споменици, што до пред кризата беше речиси незамисливо.
МакфаксСé помалку Грци се решаваат за традиционално големите и богати венчавки во време на длабоката економска криза в