ГРЧКА БАКЛАВА: Сочна и вкусна – Рецепт кој вреди да се проба
Состојки:
600 гр готови кори за баклава
5 јајца
250 гр шеќер
1 шолја масло
1 шолја кисело млеко
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
350 гр мелени ореви
Шербет:
4 шолји шеќер
4 шолји вода
Подготовка:
Корите поделете ги на 2 еднакви дела.
Јајцата изматете ги, додадете го шеќерот, маслото, киселото млеко, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер.
Редете во плех една по една кора, притоа секоја премачкајте ја со приготвениот фил.
Кога ќе ја потрошите едната половина од корите, ставете 350 гр ореви, па продолжете да редите од другата половина од корите на истиот начин. Последната кора исто така треба да биде намачкана.
Наредената баклава исечете ја пред да ја ставите да се пече. Исто така подобро е малку да постои на ладно место пред печењето, за корите добро да се натопат.
Печете на средна температура.
Шербет:
Шеќерот и водата нека вријат 15тина минути. На топла баклава, ставете од изладениот шербет.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.