Како дел од Владините програми за привлекување на странски инвеститори за изградба на производствени капацитети во Македонија, градоначалникот на општина Берово имаше средба со претставници од грчката компанија ХелАгро.При средбата градоначалникот ја презентираше личната карта на општината и расположливоста на ресури, како природни така и човечки.
Градоначалникот во овој дел потенцираше дека Берово е ридско – планински предел каде населението пред се се занимава со сточаство и земјоделие, а во подем е и развојот на алтернативниот туризам кој се развива токму поради местоположбата на Берово, богатството од шуми, чистиот воздух, како и се поголемата туристичка понуда.
Претставниците од компанијата имаа можност да ја посетат местоположбата на ТИРЗ Берово каде досега е изградена само основната инфраструктура, но доколку се одлучат за инвестирање и изградба на капацитет во оваа зона, ќе се пристапи и кон поврзување на зоната и со секундарната инфрастуктура во зависност од потребите на компанијата.
Беа посетени и објектите на поранешен „Огражден“ во Берово, каде од страна на претставници од општината беа објаснети можностите и условите за купување на овие објекти кои има солуција да бидат целосно откупени или само еден дел од нив.
Грчката компанија ХелАгро е компанија која работи на производство на амбалажа за агро производи и како што потенцираа претставниците, тие се заинтересирани за изградба на капацитет во индистриските зони во земјоделските краеви во Македонија, а не во Скопската слободна зона, заради што претходно ја посетиле и зоната во Струмица.При средбата градоначалникот ја презентираше личната карта на општината и расположливоста на ресури, како природни така и човечки.
Градонач