По вработените во атинското метро, грчката влада ги принуди во средата и морнарите коишто штрајкуваа речиси цела седмица да обезбедат снабдување на многуте острви демонстрирајќи дека по секоја цена е решителна да ги спроведе тешките реформи кои ги бараат странските доверители, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Како што беше претходно соопштени, во средата пред мугрите во најголемото грчко пристаниште Пиреа, во близина на Атина, беа распоредени припадници на интервентната полиција за да обезбеди штрајкувачите да се вратат на работа. Така во средата тргнаа првите траекти коишто цела седмица беа вкотвени поради штрајкот на кој повика најголемиот синдикат на грчките поморски службеници PNO.
„Чекам во Атина веќе цела седмица на брод, авионите се полни”, изјави за AFP, 52-годишниот италијански патник Зепо Варарди.
„Некои бродови прид доаѓањето мораа да пристанат на други места од вообичаеното поради штрајкот”, реле портпаролката на министерството за грчката трговска морнарица. Таа прецизираше дека шест бродови тргнале кон Килкадите, а два се очекуваат да пристигнат од Крит.
Иако морнаричкиот синдикат во вторникот изгласа продолжување на штрајкот за уште 48 часови, прибегнувањето на овој чекор на коалициската влада на премиерот Антонис Самарас, откако претходно владата на овој начин му стави крај на десетдневниот штрајк на вработените во атинското метро, прогласувајќи граѓанска мобилизација на вработените, со што персоналот работи според налогот од владата, а во случај да не се јават на работните места се соочуваат со апсењa, остро го критикуваше левичарската опозиција.
Пратеникот на коалицијата на радикалната левица Сириза во ваквиот чекор на владата препознава „претворање на парламентарната демократија во парламентарна 'хунта' која се залага за интересите на капиталот пред интересите на вработените”.
Макфакс
По вработените во атинското метро, грчката влада ги принуди