Грчки портал: Грција е „поранешна Отоманска провиција“ и за Дејвид Камерон

Грција е „поранешна Отоманска провиција“ и за Дејвид КамеронПо повод неодамнешната изјава на македонскиот премиер Никола Груевски за „Поранешна Отоманска Провинција Грција“, грчкиот информативен портал „Њуз.гр“ денеска пишува дека веќе некој ја нарекол вака Грција, а тоа е британскиот премиер Дејвид Камерон, пренесе МИА.
Порталот информира дека во 2003 година, кога бил само пратеник, Дејвид Камерон напишал статија за „Гардијан“, во која го опишува неговото искуство од неодамнешно патување во Македонија и го изразува своето воодушевување од гостопримството на Македонците.
Во оригиналниот текст од 2003 година, Камерон пишува дека „причината за долгото име на убавата но прекрасна земја е тоа што Грците енергично се пожалиле дека Македонија веќе постои како регион во Грција и затоа не може да биде одделна земја“.
„Тоа е крајно безобразно. Грците имаат своја земја, свое име и добиваат финансиска помош откако се приклучија кон ЕУ… Сепак, колку што можев да видам, земјата – и јас сум решен да нарекувам Македонија – има совршено право да постои. Населението е претежно македонско, со специфичен јазик, култура и историја. Посиромашна е од некои од другите поранешни југословенски републики, но значително побогата од Албанија. Луѓето се цивилизирани , пријателски и високо образовани. Дури и мојот водич имаше универзитетска диплома“, напишал Камерон.
– „Но во оваа прилика го имав одговорт. Од сега, нашиот ценет ЕУ партнер ќе го викам ’Поранешна Отоманска сопственост Грција“, истакнува Камерон, пренесува порталот.
Камерон уште во 2003 година нагласил дека Македонија еклучна за стабилноста на Балканот.По повод неодамнешната изјава на македонскиот премиер Никола Груевски за „Поранешна Отоманска Провинција Грција“, грчки

Пронајдете не на следниве мрежи: