Култниот модерен македонски хип хоп состав, со големо задоволство ја најавува концертната промоција на неодамна издадениот албум „Рапаноја”, која е закажана за Четврток (27.11), во МКЦ.
За оние кои сакаат вистински хип хоп, Tonyo SAN, LD Pistolero и Foolish Green најавуваат целовечерна хип хоп револуција како презентација на албумот, кој го издаде Suriken Records.
GreenOut e хип хоп трио, составено од три уметници со микрофонот, кои зад себе веќе имаат едно албумско издание („Некои скопски бандити”, 2009). Антонио Арангеловиќ (Tonyo SAN), Владимир Пешков (LD Pistolero) и Ненад Стефаноски (Foolish Green) се дел од новиот бран хип хоп артисти, кои во досегашните кариери имаат сериозен број солистички проекти како и членувања и соработки со бројни музички имиња како Легијата, Против Сите, STR2,
Алтернативниот состав на Foolish Green итн. Препознатливи по своите автентични freestyle настапи, овие момци имаат реализирано повеќе од 100 настапи и концерти во Скопје и низ Македонија, па ова ќе биде уште еден во низата одлични настапи, посветен на издавањето на вториот албум на составот.
Концертната промоција на „Рапаноја” е закажана за 27.11, во денсинг салата на МКЦ со почеток во 21:30. Цената на билетите во претпродажба е 150 ден., на влез 250 ден. За првите 200 посетители се обезбедени 200 гратис албуми.
Билетите можат да се набават во билетарницата на МКЦ. За крај, GreenOut го најавуваат и специјалниот гостин на настанот – DJ Гоце САФ.За оние кои сакаат вистински хип хоп, Tonyo SAN, LD Pistolero и Foolish Green најавуваат целовечерна хип хоп револуција како презентација на&n