Грешка или проневера?! Роналдо не платил данок во износ од 8 милиони евра

Државното обвинителство на Шпанија треба да утврди дали Роналдо пробувал да ја прелаже Даночната управа, поради што би можело да се покрене обвинение против него, или пак се работи за административна грешка.Фудбалерот на шпанскиот првак Реал Мадрид, 32 годишниот Кристијано Роналдо, не платил 8 милиони евра данок на приход кој го остварил од 2011 до 2013 година, навела шпанската Даночна управа во документот пратен до шпанското државно обвинителство
Веста во четвртокот ја објави шпанската телевизија РТВЕ, откако две радио станици и весникот Ел Мундо, наведоа дека имале увид во документот па добиле потврда и во Даночната управа.
Роналдо, најдобриот фудбалер за минатата година, ја регулираше својата даночна состојба во 2015 година, кога плати данок од 5,6 милиони евра за периодот од 2011 до 2013 година. Даночната управа смета дека требал да плати уште 8 милиони евра.
Државното обвинителство сега треба да утврди дали Роналдо пробал да ја прелаже Даночната управа, поради што би можело да се покрене обвинение против него, или пак се работи за административна грешка.
Обвинителството мора да се изјасни до 30 јуни кога застарува евентуалната неправилност од 2011 година.
Роналдо се припрема за финалето на Лигата на шампионите против Јувентус, кое на 3 јуни се игра во Кардиф, па во четвртокот не беше достапен за коментар. Реал Мадрид не реагираше на документот од Даночната управа.
Шпанското државно обвинителство минатата недела поднесе обвиненија против португалскиот играч на Реал Мадрид, Фабио Коентрао и поранешниот колумбиски напаѓач на Атлетико, Радамел Фалкао, поради отварање фирми во Панама и Ирска, преку кои затаиле 7 милиони евра данок.
Агент на сите тројца фудбалери е Португалецот, 51 годишниот Жорге Мендеш.Фудбалерот на шпанскиот првак Реал Мадрид, 32 годишниот Кристијано Роналдо, не платил 8 милиони евра данок на приход кој го остварил од 2011 до 201

Пронајдете не на следниве мрежи: