Гробот на Александар Македонски е во Св.Николе?

Самостојниот истражувач од Хрватска Домагој Николиќ, кој смета дека геоглифот во близина на Свети Николе кај селото Црнилиште го означува гробот на Александар Македонски денеска пристигна во Свети Николе за да присуствува на празникот на градот, јави дописникот на МИА.Николиќ вели дека доколку се докаже дека тоа е гробницата на Алесандар Македонски, ќе се смени не само историјата, туку и нашата иднина.
– Според мене се работи за гробницата на Александар Македонски. Јас своите аргументи ги темелам на моите читања на овој геоглиф, кој всушност по аналогните правила кои се работени по древните метафизички градби, како на небото, така и на земјата, геоглифот ја прикажува сликата на големата мајка која се огледува по точно математички, астрономски и геометриски, во чест на роденденот на Александар Македонски, кој го славиме секоја година на 21 или 22 јули и единствено во тие денови во зората на овој геоглиф е управуван со Касиопеја, изјави Николиќ.
Професорот од Скопскиот универзитет Аристотел Тентов рече дека на ова место има еден цел текст кој говори кој го изградил но, според него, кој е закопан во гробницата треба да покажат археолошките истражувања и тоа со современи методи.

Градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев изјави дека  самостојните  истражувачи досега најмногу придонеле за промоција на Свети Николе, а дали приказната за гробот на Александар Македонски е вистинска или не, рече тој, ќе покажат истражувањата на археолозите.
– Јас ќе го компарирам ова само со приказната за Лох Нес, никој не го видел чудовиштето од Лох Нес во езерото, но милиони туристи доаѓаат да го видат. Ние овде го имаме и геоглифот и локалитетот Била Зора и верувам дека во иднина ова ќе стане вистинска туристичка атракција,  на што работиме на специјална програма,  рече Тасев.Николиќ вели дека доколку се докаже дека тоа е гробницата на Алесандар Македонски, ќе се смени не само историјата, туку и нашата иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи: