Што е вистината за Александар Македонски, што се знае за неговиот живот? Македонците велат дека е закопан на нивна територија, а една од најприфатените теории е дека бил погребан во Мемфис, а подоцна телото е префрлено во Александрија.Едно од изданијата на хрватската емисија „На работ на науката“ е посветено токму на Александар Македонски. Домагој Николиќ, независен истражувач, вели дека е првиот што успеал да направи една голема држава. Успеал да основа многу градови, да промени многу верувања и да ги прошири погледите на филозофијата, да ги поврзе луѓето; Александар Македонски е човек со големи способности, човек што останува трајна фасцинација.
– Го претставуваат како Грк, но јас мислам дека тој не е никаков Грк. Тој е Македонец, словенска крв, никако грчка. Знаеме дека со Грците често разговарал со преведувач. Грците во неговата војска тоа го правеле со преведувач. Се чини дека неговата војска имала 37.000 војници, 7.000 Хелени, другите Македонци, Илири; вели Домагој Николиќ.
Тој зборува за тоа кој е Аристотел, а кој Филип Втори, дека Филип Втори умрел како крал тогаш кога Александар Македонски се оженил, но не умрел како човек.
– Александар, наводно, умрел во Вавилон. Неговата смрт доаѓа веднаш по смртта на Хефестион. Јас би рекол дека умрел Филип. Во тој момент Александар немал моќ да продолжи понатаму, тоа бил заеднички план и проект. Војската била уморна. Смртта го затекнала во Вавилон. Тој барал неговото тело да биде префрлено во Македонија. Но на пат кон Македонија, неговото тело било грабнато од Птоломеј, кој го префрлил во Александрија. Поворката во Мала Азија тргнала кон Александрија и, наводно, таму бил закопан. Не сум сигурен дека тоа било така. Секако, има елементи на вистина. Во Македонија постои народно предание според кое тој е закопан во Македонија. Почетната и крајната точка на кругот мора да се затвори. Тоа е таа метафизика во која верувале. Човекот мора да биде закопан таму каде што се родил. Според тоа Александар е закопан во градот Билазора (Златна зора). Билазора се наоѓа кај македонскиот град Свети Николе. Тоа е археолошко наоѓалиште, многу убаво и монументално. Недалеку од тука се наоѓа голема гробница, 85 на 45 метри, со чуден геоглиф како знакот на Касиопеја. Има доволно причини да веруваме дека таму е гробот на Александар Македонски. Таа гробница се наоѓа на само неколку километри од Свети Николе, а е во форма на космичко јајце. Направена е од земја. Секако, ако оваа теорија е точна таа треба да има влез, да постои саркофаг. Досегашните истражувања се секогаш материјалистички. Јас застапувам друг начин. Прво да најдеме за што се работи, па да решиме како ќе го истражиме тоа. Гробот на Александар е намерно скриен, но означен. Одбележан така за да го препознаат само тие што ја знаат светата тајна, односно што ја разбираат метафизиката. За најголем број антички владетели не знаеме каде им се гробовите. Народните преданија ги знаат тамошните упатени луѓе, поради што и информациите ги добив од локален истражувач од Свети Николе ; вели хрватскиот истражувач.
Касиопеја е, можеби, најсјајното соѕвездие ; кралица на небото. Според античките митови, се работи за македонска кралица. Тој симбол Касиопеја е симбол на кралицата на небото, односно Богородица. Во античкото време се сметало дека целиот свет се врти околу кралот, како што Касиопеја се врти околу ѕвездата Северница. Кралот е стабилна точка како поларната ѕвезда на небото.Николиќ го објаснува значењето на денот на раѓање на Александар Македонски и моментот на раѓањето на Сонцето; Секоја година точно на денот на раѓање на Александар Македонски се поклопуваат Касиопеја и геоглифот. Тоа зборува за значењето на Свети Николе, односно неговата местоположба. Зборува за рудникот Алшар, од каде што се вадел минерал со кој се премачкувале штитовите на војската на Александар, за Кокино, за Островица; Зборува за пирамидите во околината на Свети Николе, близината со Кратово, најстариот град на Балканот.Деталното објаснување слушнете го во видеото на следниот линк. „Република“ во јули годинава помина еден ден со археолозите што ја пронајдоа Билазора. Во продолжение прочитајте ја репортажата од БилазораАРХЕОЛОЗИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЈА ПРОНАЈДОА ПРЕСТОЛНИНАТА НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ
Најстариот град на Балканот откриен во Свети Николе
Кнежје, малечко село, со триесетина жители, на само четири километри од Свети Николе. Мирно, тивко и навидум обично село. Веројатно жителите на ова мало село никогаш не ни помислувале дека еден ден светот ќе се заинтересира за нивното место на живеење, дека живеат на место каде што некогаш, некаде во 5 и 4 век пред нашата ера, се наоѓал најстариот и најголемиот град во внатрешноста на Балканот сосе голема владетелска палата.
На ридот Градиште, веднаш до селото, нѐ пречека Драги Митревски, професор на Институтот за археологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Задоволен од тоа што го откриле со неговите студенти и со неговиот соработник од Америка, Вилјам Најдингер, професор по археологија од Тексашката фондација за археолошки историски истражувања, почна да ни раскажува за она што го откриле во изминатиот месец. Билазора не е само приказна. Така барем велат нивните испитувања. Групата археолози внимателно ги откриваа украсните камења, ѕидовите со фрески, кои се наоѓаа длабоко под земја, а кои потекнуваат уште од 5 и 4 век пред нашата ера.
– Дека на ритчето има остатоци од антиката се знае многу одамна. Месното население со децении вади блокови, делкани камења и ги употребува во своите куќи. Во многу домови ќе најдете блокови од бедемите и јавните градби на градот, а не биле ни свесни што користат. Во 80-тите години на 20 век тука е откриен култен базен, кој денес е покриен, комплетно сочувана градба од рано античко време, ретка и значајна архитектура, која сведочи за богат и моќен град кој се наоѓал на ридот горе. За тој град многумина се имаат изјаснето и во науката е прифатено дека тоа се остатоци од античката Билазора,најголемиот пајонски град. Така велат историските извори, најголемиот град на Пајонците во времето на нивната независност пред да бидат припоени кон античка Македонија. За него се врзуваат одредени историски извори со конкретни историски настани што се случиле во него или околу него. Поради тоа, се работи за историски посведочен град, според сите параметри, и тоа најверојатно античката Билазора. Податоците за тоа каков бил, економската моќ, трговските релации, религијата, уметноста и многу друго остана да ги каже археологијата преку ископувањата. Такви податоци веќе откриваме во изобилие – вели професор Митревски.
Повеќе на РепубликаЕдно од изданијата на хрватската емисија „На работ на науката“ е посветено токму на Александар Македонски. Домагој Николиќ,