Жалосно е што СЈО е во служба на странски платеници за растурање на Република Македонија, под плаштот дека наводно бркаат криминал или загрозување на човековите права.Одговарајќи на новинарските прашања за тоа како ги коментира последните случувања за преземањето на материјалите од УБК од страна на СЈО, претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевчо Јакимовски ја даде следната изјава:
-Сметам дека Специјалното Јавно обвинителство е практично штаб на СДСМ. Се прави обид да се демонстрира нешто што веќе е познато, а тоа е дали има разлика меѓу изречените ПИМ мерки за следење и прислушкување и она што е во т.н. „бомби?“
Се разбира дека постои разлика и јасно е таа разлика кој ја направи:Тоа е Ѕвонко Лазаревски, оној што си призна на суд и оној кој е осуден и оној кај кој најдоа пари дома, а парите јасно дека ги платил г-динот Верушевски. Очигледно дека СЈО е инструмент во рацете на „чадорот“ којшто се обидува да ја разнебити Република Македонија.
Нормално најпрвин обидот беше да се разнебити политичкото раководство на власта и тоа не им успеа. Сега се обидуваат да ги разнебитат тајните служби на Република Македонија коишто очигледно дека одлично функционираат, почнувајќи од Управата за безбедност и контраразнузнавање како и Агенцијата за разузнавање и Военото разузнавање, кои очигледно дека си ја вршат одлично работата.Тие практично им покажаа на сите оние коишто сметаат дека многу лесно ќе се справат со Република Македонија, дека, напротив, институциите на системот на Република Македонија финкционираат.
Жалосно е што СЈО е во служба на странски платеници за растурање на Република Македонија, под плаштот дека наводно бркаат криминал или загрозување на човековите права. Јасно е кој ги загрозуваше човековите права: Тоа се Ѕвонко Лазаревски и Верушевски, по налог на Заев и очигледно е дека за тоа се најдени пари, дадено е признание, имаме и судска пресуда и мислам дека тука се е јасно. Некој сака да се прави парада која сепак се покажа неуспешна, изјави лидерот Јакимовски.
На прашањето дали ќе побара од коалиционен партнер Диме Спасов да не биде вклучен во кандидатските листи за пратеници, поради морални причини од тоа што се случи со сообраќајката,Јаќимовски рече:
-Јас искрено незнам што се случило со Диме Спасов, но што и да се случило, тоа си е одлука на ВМРО-ДПМНЕ, ние сме коалиционен партнер, ние можеме да даваме размислување за тоа кој ќе биде на пратеничките листи од ГРОМ, но ВМРО-ДМПНЕ си одлучува за своите кадри.Одговарајќи на новинарските прашања за тоа како ги коментира последните случувања за преземањето на материјалите од УБК од страна на СЈО, претседат