Актуелните политички случувања, беа повод денеска организациониот секретар на Граѓанската опција за Македонија, Љупчо Пренџов да одржи прес конференција. Во своето обраќање до медиумите, од партискто седиште, тој истакна дека после вчерашните протести конечно излегоа на виделина ловците во матно.
– Во моменти кога на јужната граница ни натрупаа бегалци, кога грчки авиони ни го повредуваат воздушниот простор над државата, кога од Косово упаднаа 40 екстремни терористи, нам сега ни се случуваат протести од УЧК, Зијадин Села и други екстремни структури од албанскиот корпус. Излегоа со нечуени и екстремни барања: Бинационална држава, двојазичност на цела територија и конечно- федерализација на Република Македонија, посочи Пренџов.
Ние како ГРОМ, продолжи секретарот Љупчо Пренџов, сакаме отворено да ги прашаме пред севкупната македонска јавност, дали лидерот на СДСМ, г-динот Зоран Заев, другарите на Заев, Зијадин Села, Стојанче Ангелов сега веќе отворено заговараат федерализација на Македонија? Со ова, само се потврди евидентниот факт дека г-динот Заев од ,, борец за демократизација ‘’ на државата се претвори во борец за федерализација на Македонија. Вака ли г-динот Заев ќе се раздолжува со сите тие со кои се договарал за преземање на власта?
– Зачудувачки е како тоа Заев од левопозициониран политичар се претвора во екстремен радикал? Дали е договорена трампа со територијата на Македонија? Почитувани влогот е прескап, и ние како ГРОМ, но и како повеќето граѓани во Македонија тоа нема да го дозволиме. Со тоа вчера што го слушнавме и видовме, очигледно е дека целта на овие насилни протести е да дојде прво до промена на Уставот, потоа до федерализација, па до конечно отцепување на територии, констатираше организациониот секретар на ГРОМ Љупчо Пренџов.
ГРОМ сака да живее со нашите браќа Албанци, Турци, Роми и Срби. Ова е наша заедничка држава и затоа ги повикуваме сите заедно да ја одбраниме. Секогаш постои начин, и ние тоа историски сме го докажале дека со демократски средства низ институциите на системот можеме за сите прашања отворено да разговараме.
– Но разнебитувањето на државата, не е цената која Граѓанската опција за Македонија и сите граѓани во неа, без оглед на национална верска или било која друга припадност, се подготвени да ја платат, дециден беше Пренџов.
На крајот, ГРОМ повика на трезвеност, разумност и рационално однесување кај сите политички чинители, невладини организации и разни здруженија во овие многу деликатни и тешки моменти за Македонија да се воздржат и дистанцираат од вакви мрачни сценарија за разнебитување на Република Македонија.
– Во моменти кога на јужната граница ни натрупаа бегалци, кога грчки авиони ни го повредуваат воздушниот простор над држав