Груевски: Ако ги трошевме парите непланирано, немаше да бидеме 4-та најниска задолжена земја во Европа

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање денеска истакна дека доколку власта се однесувала недомаќински и расипнички, како што тврди опозицијата, Македонија не би била четврта најмалку задолжена земја во Европа, податок кој го објавила Европската канцеларија за статистика, Евростат.- Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде во Владата државниот долг што го остави СДСМ беше речиси 40 проценти од БДП, а сега е 36 проценти од БДП што долг понизок од тогаш, но и долг кој според Евростат е четврт најнизок долг во Европа, по Естонија, Луксембург и Бугарија, рече премиерот.
Ние, додаде тој, сме околу 9 години во Владата и доколку сме работеле недомаќински и расипнички тогаш ќе имавме некој од поголемите долгови во Европа веројатно, како што рече, четврто највисоко задолжена земја.
– Но реалноста не е таква. Јас знам дека правите големи напори да докажете дека сме ја презадолжиле земјата, дека имаме огромно задолжување, поголемо според другите земји. Не само што јас ви кажувам дека тоа не е така, туку тоа го покажуваат и податоците на сите државни институции, а го потврдува и Евростат, истакна премиерот. 
Според него, еврообрзницата била планирана уште при проектирањето на Буџетот.
– Приказната дека сте спасиле нешто е политичка, можеби се обудувате да ја продадете пред граѓаните, но, всушност ништо не сте спасиле. Станува збор за делумно издадена обврзница за периодот од декември до јуни-јули наредната година, потоа која и да е Влада ќе мора да издаде нова бидејќи тоа е планирана работа, потенцира Груевски.
Истакна дека задолжувањата се правеле биле за капитални инвестиции во полза на граѓаните и оти притоа се внимавало да не се дојде до високо задолжување. Ниската задолженост, рече, меѓу другото, е резултат и на предвременото раздолжување во 2007 и 2008 година, што овозможило да се преброди полесно должничката и економска криза.
Премиерот одговараше и на прашање колку чинело последното роуд шоу во Кина.
– Таму не бевме на роуд шоу туку учествуваме на Самит на 16 земји Централна и Источна Европа и НР Кина. Јас ја искористив таа прилика и да направам и презентација со моите соработници пред околу 150 компании кои покажаа интерес за инвестирање во Македонија, рече Груевски.
Привлекувањето на инвестиции, рече тој, не е лесно оти ако било така тоа ќе го направела и Владата на СДСМ.
Во последните години направени се крупни реформи и постигнати резултати и услови кои, како што рече, Македонија може да понуди. Без тоа, рече премиерот, Македонија не би имала што да презентира. 
Според него, благодарение на презентациите, директните комуникации, рекламите во медиумите… голем број странски компании инвестирале во Македонија и вработиле и ќе вработат голем број лица.- Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде во Владата државниот долг што го остави СДСМ беше речиси 40 проценти од БДП, а сега е 36 проценти од БДП што долг понизок о

Пронајдете не на следниве мрежи: