Груевски: Директниот контакт со граѓаните му помага на секој политичар

Директниот контакт со граѓаните е нешто што му е потребно и му помага на секој оној којшто сака да се занимава со политика, бидејќи со тоа се одржува чувството за реалноста и реалните проблеми и приоритети на граѓаните, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.При денешната посета на Кратово Груевски рече дека остварил средби со граѓани на коишто слушнал многу проблеми со кои се соочуваат граѓаните, но и можности како тие да се надминат.
Во кратово се сретна со личноста која ја дала идејата за да се олесни студирањето на студенти кои потекнуваат од еднородителски семејства или самохрани родители која како мерка е вметната во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.
– Сето тоа ќе го нотираме и ќе се обидеме наскоро на состаноците што ќе ги организирам кога ќе се вратам во Скопје да им излеземе во пресрет на граѓаните, рече Груевски.
Посетите на општините, според него, се и добра можност од надлежните да се информира за проектите што веќе се реализираат во локалните самоуправи.
Тој оцени дека Кратово има потенцијал за развој на туризмот особено затоа што се работи за стар град со специфична градба и тунели кои се атрактивни за туристите. Во буџетот на општината дури е отворена и посебна ставка за приходи од туризмот.
За време на денешната посета во Кратово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изврши увид во градежните работи за изградба на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ која се очекува да биде готова до крајот на годината, а го посети и фудбалското игралиште кое е изградено во рамки на проектот 50 фудбалски игралишта за кое се обезбедени средства од Владата на Република Македонија.При денешната посета на Кратово Груевски рече дека остварил средби со граѓани на коишто слушнал многу проблеми со кои се соочуваат граѓаните, но и

Пронајдете не на следниве мрежи: