Партијата која што ја водам девет години по ред ја добива поддршката од народот. Поддршката ја добиваме благодарение на прецизната програма која што ја нудиме на секои избори, како и заради довербата која произлегува од отчетот во работењето, односно проектите кои што сме ги ветиле и реализирале.Во интервју за грчкиот „То Вима“, Никола Груевски зборуваше околу довербата која ја добива од граѓаните и поради што истата доверба 10 години ја добива од народот.
-Од опозицијата не сме виделе ниту програма, ниту проекти. Од нив единствено се продуцираат манипулации, фабрикувани афери и обвинувања. Помалку важно е како јас лично ќе одговорам на нив. Поважно е како граѓаните ќе одговорат. Во текот на изминативе 9 години, Република Македонија континуирано граби напред. Добивме шест препораки за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија. Ги исполнивме сите критериуми за влез во НАТО. Станавме 12та најдобра дестинација за бизнис во светот, а 6та во Европа според извештајот на Светската Банка „Дуинг бизнис“. Според државниот долг, Македонија е на 4-то место во Европa како најмалку задолжена земја. Доколку не беше блокадата од Грција, ние во 2008 година ќе ја примевме поканата, а до 2009 година ќе станевме членка на НАТО. Во 2010 година ќе ги почневме преговорите за полноправно членство во ЕУ, кои ќе беа завршени и ќе бевме член на ЕУ. Луѓето знаат дека не реформите, туку блокадата од Грција го одложи нашето членство во ЕУ и НАТО. Ние континуирано правиме крупни реформи во сите области, во економијата, во образованието, во земјоделието, администрацијата, правниот и судскиот систем. Зарем се ова ќе беше можно доколку немаше владеење на правото? Зарем ќе имавме целосна контрола на опозицијата врз невладиниот сектор доколку барем дел од нејзините критики беа точни? Зарем ќе имавме толкав критицизаm во медиумите доколку немаше слобода на говор? Република Македонија беше втурната во една длабока криза благодарение на деструктивната политика на СДСМ. Од тој аспект, добро е што дојде до политички договор меѓу партиите. Но, најважно е истиот да биде до крај реализиран со парламентарните избори на 24. април. Со нив ќе се стави крај на кризата и земјата ќе продолжи со реформите, потенцираше Груевски, кој додаде дека е сигурен во победата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во моментов ја подготвуваме најобемната изборна програма досега. Ќе понуди проекти за сите граѓани. ВМРО ДПМНЕ ужива огромна поддршка, која е можно да ја најавува и најголемата изборна победа досега. Народот масовно стои зад политиката која ја спроведува ВМРО ДПМНЕ.. Македонија не е иста како пред десет години. Тогаш бевме на 106то место на листата на Транспаренси интернешнел. Сега сме на 66то во однос на индексот на перцепција на корупција. Станавме земја со најниски даноци. Јас сум убеден дека ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да ја реформира земјата и после изборите Република Македонија со уште побрзо темпо ќе тргне напред, рече тој.Во интервју за грчкиот „То Вима“, Никола Груевски зборуваше околу довербата која ја добива од граѓаните и поради што истата доверба 10