Груевски: Државата ќе набави уште 1.000 пумпи за испумпување вода

– Жителите на скопско Црешево се соочуваат со потреба од пумпи за испумпување на водата, а на денешните средби со неколку министри и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, побараа да се направи канал и за регулирање на Црешевска река.  Според нив, исто така е потребно да се направат канали на трите реки што поминуваат низ селото.Во невремето во саботата загинаа тројца жители на ова село, а според мештаните нема многу оштетени домови, но уништени им се посевите. Селото има 1.200 жители и 350 куќи.
Со помош на машини се исчистени неколку улици коишто биле најпогодени во селото и веќе се проодни.
Груевски предложи институциите веднаш да набават нови 1.000 пумпи за испумпување вода. До сега државата располага со 110 пумпи и тие ќе останат да се користат за вакви евентуални непогоди. Соседните држави досега понудија помош со по десеттина пумпи за вода.
– Министерството за одбрана, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, општините, Град Скопје ќе останат и за во идни ситуации, а ќе помогнат и сега. Можеби треба да се искомуницира и да се донесе таков заклучок или одлука за итна набавка на пумпи, рече Груевски во Црешево.
Машините, како што кажа, не се премногу скапи, чинат околу илјада евра и ќе завршат голема работа во овој момент.
Во селото на терен работат неколку машини, багери чистат од невремето, но според жителите и претставниците од Урбаната заедница потребни се кипови – гасеничари за да се исчистат коритата на трите селски реки темелно.
Жителите од селото изразија задоволство од работата на војската на терен која што работела на терен во изминатите неколку дена.
Груевски, заедно со министрите за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски, Никола Тодоров, Митко Чавков и Владо Мисајловски, градоначалниците Коце Трајановски и Тони Трајковски, и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, потоа го посети Смилковци. 
Жителите од ова село побараа денеска да добијат уште една цистерна покрај онаа што веќе ја имаат од Бугарија, како и еден кип.  Откако ќе се исуши се, побараа да биде испратен и гасеничар.
Од министрите и од Груевски тие побараа и мали обични кипери за она што го изнесуваат од куќите и дворовите да не скапува и да го исфрлат.
Изразија загриженост што три дена се во вода и оти немаат електрична енергија.
Во селото Смилковци има стотина куќи или околу 400 жители. Сите куќи се поплавени, а најмногу се околу 60 куќи во долниот дел од селото.
Груевски разговараше со жителите на селото кои му ги изнесоа своите проблеми.
– Ова беше голема вода. Колкаво и да било коритото, градоначаникот на Гази Баба Тони Трајковски ни даде еден багер гасеничар по жетвата и го прочистивме каналот. Среќа што беше прочистен, ако не беше летово прочистен каналот овде сега ќе немаше куќи, рече жител на Смилковци.
Претходно тие беа во посета на Инџиково.Во невремето во саботата загинаа тројца жители на ова село, а според мештаните нема многу оштетени домови, но уништени им се посевите. Селото има 1

Пронајдете не на следниве мрежи: