Груевски: Дури и во период на криза вложуваме во сите сектори во интерес на граѓаните

Македонија продолжи да гради успешна бизнис клима и беше рангирана на 6 место во Европа и 12ти во светот според дуинг бизнис, и прва во светот според извештајот на ИБМ за новоотворени работни места по глава на жител како резултат на директни инвестиции, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на собирот на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Борис Трајковски.-Од друга страна продолживме со грижата за социјално загрозените. Во периодот на политичката криза обезбедивме зголемување на социјална помош во 2015 за 10 % и во 2016 за 5 %, а социјална помош од 2006 до денес е зголемена за цели 62%. Во период на криза продолживме со зголемувањето на пензиите. Минатата година тие се покачија за 5%, а исто толку ќе се покачат и оваа година со исплатата на ноемвриските пензии. Од 2006 до денес во просек се зголемени за 70 %, рече Груевски.
Во период на политичка криза се вложувало и во изградба на патишта.
– Се градат три нови автопати, Демир капија Смоквица кој треба да биде готов наредната година, автопатот Скопје Штип и автопатот Кичево Охрид. При крај е изградбата на експресниот пат Велес Кадрифаково Штип, а активно се гради и експресниот пат Градско Прилеп. Во последните неколку години завршени се 404 локални патишта со должина од околу 750 км и инвестиција од околу 65 мил. Евра. Набавивме 150 нови вагони од различни типови за товарен превоз вредни 15 милиони евра. Извршивме набавка на 6 нови патнички возови за што се вложија нови 25 милиони евра. Во тек е и фазната изградба на пругата кон Бугарија. Тука е и проектот за реконструкција на 10 железнички станици, рече Груевски.Посочи дека активно се работи и на гасификацијата.
-Започна изградбата на втората делница од националната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри која треба да заврши следната година. За неа се инвестираат околу 16 милиони евра. Се изгради гасоводот Клечовце/Куманово – Штип а чија вредност е 75 милиони долари. Паралелно со изградбата на оваа делница скоро, во следните 2-3 месеци се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино/Кавадарци – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа, рече Груевски.
Во делот на здравството, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се изгради детската болница Козле, се отпочна со градба на нова Клиничка болница во Штип, инвестиција вредна околу 56 милиони евра.
-Се реконструира и доградува болницата во Струмица, во болницата во Битола се врши комплетна надворешна реконструкција на болницата, во тек е реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид. Исто така во тек е постапка за избор на изведувач на градежни работи за изградба на нов Ургентен центар во Општа болница Куманово. За период од само две години, се набавија вкупно 11 најсовремени дигитални мамографи за исто толку јавни здравствени установи низ државата. Клиниката за државна кардиохирургија функционира во комплетно нов простор, а се изгради и современ Пет Центар, истакна Груевски.
Посочи дека предвидените средства за субвенции за земјоделците како што ветиле така и се исплаќаат.
-Дополнително на тоа излеговме во пресрет со нова поддршка на сточарите кои претрпеа штети од болеста син јазик, а тука бевме да помогнеме на сточарите и годинава кога се соочија со штети и опасност од болеста јазлеста кожа. Подадовме рака на производителите на домати кога им беше тешко преку воведување на дополнителната финансиска поддршка, помагаме со дополнителни субвенции и во лозарството исто како што  искрено помогнавме и на оризопроизводителите со дополнителна поддршка, исто како што излеговме во пресрет и на производителите на пченица за кои дефиниравме и дополнителна субвенција по хектар и поддршка за складирање… Подадовме рака и помогнавме на земјоделците чии посеви беа опфатени од поплавите кои сен беа случиле цели 40 год во таков обем. Ветивме и резлизиравме 100 процентно обесштетување за земјоделците. И сето ова во време кога бевме под силен удар на политичката криза предизвикана од СДСМ. Така ВМРО-ДПМНЕ помага на земјоделците. Ние сме тука за земјоделците секогаш и кога е најтешко сме тука да помогнеме, рече Груевски.
Додаде дека и покрај политичката криза продолжија инвестициите во образованието.
-Во последните 2 години се отворија 11 нови училишта од вкупно 74-те нови кои ги изградивме, како Живко Брајковски во Бутел, Невена Горгиева Дуња во Кисела Вода, Димитар Поп Горгиев Беровски во Ѓорче Петров и многу други.-Од друга страна продолживме со грижата за социјално загрозените. Во периодот на политичката криза обезбедивме зголемување на соција

Пронајдете не на следниве мрежи: