Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска присуствуваше на работен состанок на тема: Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој.Тој со претставници на Владата, градоначалници и директори од овој ресор говореше за активните мерки со кои им се помага на земјоделците, но и за сите оние планирани работи кои ќе бидат од голема корист за овие граѓани.
Груевски потенцира дека програмата за рурален развој дава сериозни резултати, а со неа е постигнат значителен придонес и ефект.
-Оваа година во програмата за рурален развој ќе инвестираме 33,3 милиони евра односно 2 милијарди и 45 милиони денари. Преку оваа програма се реализираат голем број на проекти, истакна Груевски.
Оваа програма е изработена во соработка со здруженијата, агро-компаниите и високонаучните установи.
Истата е насочена кон поддршка на проекти од инфраструктурен карактер, инвестиции во водостопанството и јавната инфраструктура, како и поддршка за економско здружување на земјоделските производители.Тој со претставници на Владата, градоначалници и директори од овој ресор говореше за активните мерки со кои им се помага на земјоделците, но и за с