Груевски: Голем успех за Македонија, влеговме во топ 10 држави во светот за водење на бизнис

Десетто место во светот на Македонија, кое што го објави пред малку Светска Банка преку Дуинг Бизнис е одлична вест за Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој во моментов е во политичка посета на Велика Британија.-Според не било кој, туку според Светска Банка Македонија е 10-та во делот на најдобра бизнис клима при тоа мерејќи ги сите земји во светот. Македонија е на 5-то место во Европа. Четири земји кои што се пред нас во Европа се Велика Британија, Шведска, Норвешка и Данска. Нависитна малку работи можат да се најдат каде што сме во првите 10 во светот а ова е една од поважните работи затоа што оваа работа е предуслов за отворање на нови работни места а со тоа и зголемување на стандардот на населението, вели Груевски.
Додава дека е многу радосен бидејќи тоа е резултат на нивната голема работа и труд во изминатите месеци и години.
-Да потсетам, тргнавме од 94-то место во 2006 година кога бевме на една прилично лоша позиција, секоја година напредувавме со нови мерки и со нови работи и реформи кои што направиа и кои што им го олеснуваат работењето и животот на компаниите во Македонија. Ние не ги делиме дали се домашни или се странски и за сите се трудиме да создадеме што е можно подобри услови и тоа дава резултат секоја година. Секоја година растеме на листата, оваа година дојдовме на 10-то а лани бевме на 12-то, рече Груевски.-Според не било кој, туку според Светска Банка Македонија е 10-та во делот на најдобра бизнис клима при тоа мерејќи ги сите земји во светот. Македо

Пронајдете не на следниве мрежи: