Груевски: Градоначалникот на Центар да престане да се занимава со работи кои се на штета на граѓаните и намерно да ги попречува градежните работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на реконструираниот Офицерски дом кој е во напредна фаза на градење потенцираше дека она што е негативно во оваа работа е со незаконското укинување на дуповите, градоначалникот на Центар и советниците оневозможија да се изградат скалите за излез кон плоштадот кои што беа предвидени во планот.-Доколку институциите тој незаконски дуп не го поништат се оневозможува директно од плоштадот да доаѓаат сите тие што доаѓаат кон плоштадот и тие што излегуваат од него. За жал можам да кажам дека градоначалникот на Центар се што прави прави да спречи некоја градба, решавање на проблем како и да оневозможи нешто и тој цело време внесува некоја негативна енергија, а не го гледам да направи нешто позитивно, истакна Груевски.
Тој потенцираше дека во неколку наврати градоначалникот на Центар намерно го попречува работењето на многу институции и градби во Центар.
-Градоначалникот на Центар три месеци не даваше гаражата спроти Македонскиот народен театар да започне со работа иако била целосно готова. Улицата покрај зградата на новиот факултет за драмски уметности во Скопје е негова обрска да ја гради, ниту пак дава државата да ја гради, потоа улицата спроти Бристол каде што се сместени регулаторните тела и наскоро ќе бидат сместен Елем исто така негова обврска е да ја изгради улицата, но  тој не дозволува ниту некој да гради ниту тој да ја гради. Ова денеска е четврто и оневозможил да има скали од плоштадот кон матичната служба со поништување со дупот. Човекот само гледа нешто да уништи, да запре, да поништи и запре и тој смета дека тоа него му е реклама и тоа е многу лошо за еден градоначалник кој се занимава само со негативни работи и кога својот успех го мери со тоа колку ќе го намали успехот на неговиот политички опонент и тоа е на штета на граѓаните, рече Груевски.
Тој го повика градоначалникот на Центар да престане да се занимава со работи кои што се на штета на граѓаните и да создава нешто добро и да изгради нешто што им ветил.-Доколку институциите тој незаконски дуп не го поништат се оневозможува директно од плоштадот да доаѓаат сите тие што доаѓаат кон плоштадот и тие ш

Пронајдете не на следниве мрежи: