Груевски: Граѓаните ќе го кажат своето мислење за помрачувањето кое се случи откако СДСМ беше донесена на власт

На овие избори, граѓаните освен што ќе се изјаснат за кандидатите за градоначалници и советници, ќе го кажат и своето мислење за помрачувањето кое се случи откако СДСМ беше донесена на власт. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Ресен.
– Граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ за тоа што го направи, што го исполни она што го вети, но на изборите ќе го дадат и своето мислење за работите што се случија минативе 4 ипол месеци. Овие месеци имаме секојдневна демонстрација на едно незаконско работење, свесно незаконско работење. Незаконски назначувања, незаконски разрешувања, незаконски вработувања. Никој не ферма закон.  Народот тоа не го сака, народот сака ред и поредок, правда и еднаквост за сите. Не едни да мора да работат по закон, а овие новодојдените кои ги залепија на сила да направат Влада, да работат незаконски и како што посакуваат. Погледнете што прават, министрите се ставаат истовремено и да бидат советници на министрите, за да земеле повеќе пари. Народот ќе го каже своето мислење на 15-ти октомври и за ова, дали сака ова да продолжи и во иднина. На 15-ти октомври покрај изразувањето на поддршка за новата програма, граѓаните ќе се произнесат и за секојдневната демонстрација на сила од страна на новодонесената власт. За 10 дена откако ги објавивме кандидатите за градоначалници, на десетмина им измислија кривични пријави. За неколку дена гледаме насилство, насилие, демонстрација на сила. Кандидат за градоначалник во Шуто Оризари е претепан до бесознание, со скршен череп. Друг, во западниот дел на Македонија е погоден со куршуми, имаше хирушка операција, ги спасуваат неколку луѓе. На нашиот кандидат за градоначалник на Кавадарци му вперија оружје во глава, 10 минути третман како да е најголем терорист, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека на 15-ти октомври народот ќе го даде своето мислење и за секојдневните измами со евидентни докази.
-Направија една филмска измама демек не биле тие за странските инвестиции, ама биле многу за домашните. Ама бидејќи поминаа 3-4 месеци и нема ништо ново кај домашните инвеститори, решија да прикажат дека настанала некоја нова, домашна компанија која почнала да произведува автобуси и ќе извезува во цел свет. Се наредија да се сликаат таму, во еден автобус кој го нашле некаде, викаат дека почна производство во Санос, почна извоз, ќе им дадеме и поддршка од буџетот, субвенции, честитање, се избација. По неколку дена отидоа новинарите, проверија преку Централен регистер, преку УЈП, на лице место. Ниту има промет во фабриката, ниту влегле пари, ниту излегле, ниту вработени, ниту менаџмент, ниту автобуси. Фабриката стои старата, со скршени прозори, внатре нема работници, само пајажина. Такви филмски измами имаме се почесто и почесто. Две недели однапред беше најавен состанок со претседателот на Америка и ни беше презентирано дека го имало, но снимките од салата покажаа дека имало само една секунда поздравување, рече Груевски.
Порача дека на 15-ти октомври, народот ќе го каже своето мислење за начинот на кој новата власт ги лаже и потценува граѓаните.
– Граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ за тоа што го направи, што го исполни она што го вети, но на изборите ќе го дадат и своет

Пронајдете не на следниве мрежи: